ФОТО: Игор Џамбазов му ја украде девојката на Андрија Милошевиќ?!

Сите добро се’ уште ја паметиме мегапопуларната ТВ серија „Андрија и Анѓелка “ која се емитуваше и на наедна од нашите телевизии, во која актерите Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ се момче и девојка во долга врска, живеат заедно, искрено се сакаат, ама и секојдневно се караат и си одат еден на друг на живци!

Токму деновиве Анѓелка Прпиќ е на гости во Скопје. Првата јавно објавена фотографија од нејзиното присуство во македонската метропола осамна на социјалните мрежи, и тоа на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов. На неа, Игор и Анѓелка, а под фотографијата „писание“ со најава: „Игор и Анѓелка, новата играна серија – наскоро…“!

И веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите, нагаѓањата, претпоставките… Вистина е или Игорче си тера мајтап со нас?

Дали популарната српска актерка е во Скопје по своја работа или ќе биде дел од актерската екипа при снимањето на некоја од новите епизоди на третата сезона од хумористичниот ситком „Преспав“, засега останува тајна?! Продуцентите уште пред почетокот на снимањето веќе најавија дека во новите епизоди ќе има актери – гости и од соседството, како што тоа лани беше бугарската актерка Јана Маринова во улогата на газдарицата Преслава, па можеби Анѓелка е една од нив?

Или навистина Игор Џамбазов му ја „украде девојката“, ама и шоуто на популарниот Андрија!? Конечно, ќе дојде ли и Андрија во „Преспав“ по Анѓелка? Засега нема одговор на овие прашања, а и не би било интересно, ако се’ се знае однапред,нели?!

Јелена Карлеуша има двојничка и тоа во Македонија

Јелена Карлеуша постојано е во фокусот на јавноста преку своите објави на социјалните мрежи, а особено е активна на Инстаграм.

Вчера, една Македонка исто така објави видео, во кое се преобрази во балканската дива, со помош на перика и секако, со шминка.

Се работи за познатата шминкерка од Велес, Андријана, која работи под препознатливиот своевиден бренд BeautyAnica и е позната по тоа што со помош на шминка се преобразува во познати личности.

Овојпат инспирација пронајде токму во Карлеуша.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

It was fun being @karleusastar for a day 😁😁😁 #transformation #prom #facepaint #makeupillusion #illusions #makeup #crazymakeups #makeup #sfxmakeup #morpebrushes #hajiglamnation #allmodernmakeup #transformationtuesday #peachyqueenblog #makeupvideosdailyx #associationofbeauty #discovervideos #undiscovered_muas #hypnaughtymakeup #omghairandmakeup #make4glam_ #bretmansvanity #stylevideo #tutorialesvideos #feauturing_mua #hypnaughtymakeup #brian_champagne @peachyqueenblog @1minutemakeup @amazingmakeupart @makeupviddeoss @style.video @tutorialesvideos @makeup_videoclips @makeuptutorialsx0x @make4glam_ @hajiglamnation @hypnaughty.makeup @bretmansvanity #sdeventsworld @sdeventsworld #insane_talents #tag_artist #insanebrains

A post shared by Professional Make Up Artist (@beautyanica) on

Видео: Македонецот Александар Велики е нов светски шампион во УФЦ

Натпреварувачот од Австралија  во мешани боречки вештини со македонско потекло, Александар Волкановски (31 година) успеа да стане  светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија, откако ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.

Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист. Тој е роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во далечната Австралија.

Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.

Ирена сврте „нов лист“ во животот

Веќе неколку пати пишувавме дека македонската фолкерка Ирена Спасовска откако сврте „нов лист“ во животот, реши да „држи до себе“! И тоа во секој поглед.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by irena spasovska (@spasovska.irena) on

Од исхрана до линија, од провод до изглед! Ама џабе имиџот, стајлингот и гардеробата, ако најпрвин не ги дотераш изгледот и линијата на телото.

Тоа Ирена добро го знае, па затоа реши теретаната да и биде втор дом!

Па откако ќе се разбуди, ќе го среди домот и обврските околу „двете ќерки“ иако реално има само една, а онаа втората е нејзиното кученце Луна, Ирена за да го доведе своето тело до „совршенство без маана“ – правец теретана!

Потењето е здраво за телото велат, ги исфрла токсините и намалува килограмите… До душа, сите знаат дека најдобро потење е она во парови, ама кога тоа не е возможно или не е доволно, теретаната е најповолно решение!

Таму калориите летаат, а килограмите „не цветаат3, зашто се топат како мраз на сонце! Откако го скрши мразот, Ирена бргу сфати дека вежбањето не само што е здраво и корисно, туку може да биде и добра увертира или што би рекле предигра за главната игра… Онаа, волшебната игра на сетилата.

Затоа фолкерката на вежбите им се препушти со таква страст, што справата ја третира како партнер. Па откако ќе ја грабне в раце, не знаеш кој кому „му ја вади маста“, ама затоа и звучно се слуша од каде извира страста!

Воздишки, извици, стенкања… налик на љубовна игра. Нема шанса да не ја забележите нејзината сеанса. Ирена Спасовска толку страсно спортува, што цела теретана се возбудува! Погледнете го чинот со кој фолкерката го дига… адреналинот!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Letaat kalorii💪💪#bodybuilding #

A post shared by irena spasovska (@spasovska.irena) on

Популарно