Напиток од три состојки од кој за 3 месеци ќе се ослободите од вишокот килограми

Слушнавме за мешавината од вода, лимон и лажица мед како препорака за здрав почеток на денот, еве уште еден предлог за подобрување на здравстваната состојба, која во исто време е погодна во топењето на несаканите килограми – зовриена вода во која се додава цимет и мед. Овој напиток се појави периодов на повеќе портали за здрава исхрана. Еве како се подготвува и користи:

Сварете 200 мл вода во вечерните часови пред спиење, и во водата измешајте половина лажичка цимет во прав, покријте и оставете да отстои половина час. Во топлата вода додадете една лажица мед, промешајте и испијте половина од подготвената мешавина. Остатокот од пијалокот испијте го наутро по будење на празен стомак. Пијте најмалку еден месец, а може да ви стане и дневна рутина на подолг период.

Циметот не е само обичен зачин, тој го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, има корисен ефект врз срцето, желудникот, цревата и е еден од најдобрите зачини за топење на мастите во телото. Циметот и медот ги отстрануваат паразитите, габичките и другите бактерии кои го успоруваат варењето на храната во организмот и спречуваат акумулација на нови масти.

Овој напиток многуминаа го нарекоа чудотворен за губење на килограми, но пред почеток на диета и нов режим на прехрана консултирајте лекар.

Верувале или не, месецот на раѓање открива многу за вас

Месецот во кој сте родени, открива од кои болести може да заболите во текот на животот. Не е измислица, има многу вистина во ова, бидејќи секој месец носи промени, надворешните влијанија, сончевите денови, студот и топлината...

Еве го календарот:

Јануари

Луѓето родени во првиот месец страдаат во просек повеќе од висок крвен притисок, карцином на белите дробови и срцеви заболувања. Тие исто така имаат двојно поголема веројатност да имаат дијабетес тип 2 и дебелина. Неколку студии покажаа дека луѓето родени во јануари и декември имаат поголема веројатност да развијат депресија и шизофренија. Во најтемните зимски месеци, недостаток на витамин Д доведува до чувства на осаменост и безнадежност. И покрај сето ова, овие лица имаат долг животен век.

Февруари

Многу луѓе родени во февруари страдаат од ослабен имунолошки систем. Ова доведува до развој на алергија на полен, како и други алергиски заболувања. Исто така, тие често страдаат од рак на белите дробови и простата, како и васкуларни калцификации. Од друга страна, луѓето родени во февруари ретко ги каснуваатинсекти.

Март

Луѓето родени во март често страдаат од ангина. Екстремите се чести кај жените, така што тие или имаат прекумерна тежина или се анорексични. Слабата точка на луѓето родени овој месец е нивното срце. Тие често страдаат од вентрикуларна фибрилација, нарушувања на срцевиот вентил и срцева слабост. Рак на простата не е ретка појава кај нив. Како и луѓето родени во февруари, луѓето родени во март страдаат од алергии на полен.

Април

Луѓето родени во април се изложени на зголемен ризик од карцином. Тие често имаат пулмонални и респираторни заболувања, како и срцеви заболувања. Тие исто така страдаат од болка во грлото, но поретко бронхитис. Во зрелоста, тие обично имаат песимистички поглед на светот, па затоа развиваат депресија. Тие исто така се склони кон пиење алкохол.

Мај

Прво, добрата вест за луѓето родени во мај и јуни - тие се со помала веројатност да се разболат од другите. Тенденцијата за развој на рак е значително мала. Сепак, тие се изложени на зголемен ризик од мултиплекс склероза, висок крвен притисок и нетолеранција на глутен. Луѓето родени во мај честопати стануваат депресивни во староста. Стапките на самоубиства се за 17% повисоки отколку кај есенските или зимските раѓања.

Јуни

Кога се под стрес, луѓето родени во јуни имаат мал апетит. Тие имаат тенденција кон анорексија 30% повисока од просекот, како и висок ризик од заболување од дијабетес и срцеви заболувања во старост. Сепак, тие ретко страдаат од карцином или срцев удар. Тие се оптимисти и позитивни за животот.

Јули

Родени во јули генерално немаат проблем со депресија. Сепак, нивни најслаби точки се дигестивниот систем и исто така забите и коските. Покрај тоа, тие се со поголема веројатност да страдаат од дијабетес тип 1. Исто така, интересно е што тие генерално имаат помалку деца од сите други. Сепак, тие исто така имаат добра причина да бидат среќни - оние родени во јули имаат најмал ризик од мозочен удар и срцев удар и ретко имаат карцином.

Август

Родените во август, често страдаат од траги на прашина. Покрај тоа, тие често страдаат и од конјунктивитис. Сепак, раодените овој месец имаат многу здраво срце и се помалку склони кон срцев удар и мозочни удари. Тие исто така имаат многу мала шанса да заболат од карцином или астма.

Септември

Роденте во септември често имаат проблеми со егзема во детството. Сепак, со текот на времето, овој проблем генерално исчезнува. Покрај тоа, тие се со помала веројатност да заболат од дијабетес, срцеви заболувања или воспаление на крајниците. Ама, многу често тие имаат проблем со стомакот, воспаление на респираторниот систем и алергија на трагови од прашина.

Октомври

Ако сте родени во октомври, до сега мора да се зацврстите. Октомвриските деца страдаат од скоро сите видови на болести, вклучувајќи фрактури на коските, остеопороза, забни проблеми и далеку над просечната астма, имаат проблеми со вените и респираторните инфекции. Сепак, не е сè црно. Родените во октомври имаат најдолг животен век и многу малку шанси да заболат од карцином, срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Ноември

Акутен бронхитис, вируси, невродерматитис, невролошки заболувања и нарушување на недостаток на внимание се многу чести кај луѓето родени во ноември. Сепак, вообичаените заболувања во денешно време, како што се дебелината, дијабетесот и срцевите заболувања, многу ретко влијаат на нив. Покрај тоа, нивниот животен век е подолг од просекот, а освен тоа, тие ретко имаат проблеми со плодноста и репродуктивните органи.

Декември

Родените во декември се изложени на зголемен ризик од разни видови повреди како што се фрактури, модринки. Исто така чести се болести како што се шизофренија и манична депресија. Сепак, тие исто така имаат натпросечен животен век и обично се поштедени од болести вообичаени за староста, како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Истражувачи тврдат дека штедливите сијалици влијаат лошо врз здравјето

Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.

Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите се штетни по здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.

Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен – канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален. Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.

Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.

Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.

Еко светилка која што е штетна за околината!?

Нели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?

Еко светилки кои се вистинска мамка за луѓето што се грижат за животната средина, масовно купување на овие производи, иако се неколкукратно поскапи од класичните, коментираат берлинските истражувачи. Ваквите светилки произведуваат „електричен смог“, мора да се користат исклучиво во добро проветрени простории и далеку од нашите глави, предупредува експертот Андрес Кирхнер.

Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количина што не може да го наруши здравјето.

Сепак советуваат доколку дојде до пукање на ваквата светилка.

– Отворете ги прозорците и проветрете ја просторијата.

– Делот каде што се скршила светилката, внимателно избришете го со влажна крпа, која подоцна безбедно ќе ја исфрлите во најлоска торба.

– Со леплива лента (селотејп) ги собирате евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.

– Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад.

Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 100 и од 75 вати, од овој месец во пензија одат и 60 ватните. До крајот на годинава ќе престанат да светат и 40 ватните како и оние светилки од 25 вати.

Создавате место погодно за бактерии, а не сте свесни за тоа

Бактериите живеат насекаде, но најмногу во тоалетот затоа што таму климата им е совршена - топло е и влажно. Затоа, некои работи не е добро да се чуваат во тоалетот или на места во кои има влага.

-Четки за шминкање - тие доаѓаат во допир со кожата, а стојат изложени на топлина и влага, на нив може да има многу бактерии, а со тоа се зголемува шансата за добивање кожни болести.

-Бричеви - од константната влага острилото може да рѓоса, а тоа никако не го сакаме на нашата кожа. После користење на бричето добро е да се измие под топла вода, добро да се исуши и да се заштити во ормар.

-Пешкири - не е веце школката највалканиот дел од купатилото, туку пешкирите. Тие поради постојаната влага инкубираат бактерии и габи, вклучувајќи ешерихија и салмонела. Менувајте ги често и после капење исушете ги добро пред следна употреба. Чистите не ги чувајте во тоалетот, освен ако се во ормар.

-Лекови - најлошо место за чување лекови е купатилото затоа што топлината може да ја намали нивната делотворност. Фармацевтите велат дека влагата и топлината може да аспиринот да го претворат во материјал кој го иритира желундикот.

-Лак за нокти - постојаната нагла промена на температурата во купатилото може да ја уништи структурата на лакот за нокти и да му го намали векот на траење.

Популарно