Австрија Македнија 2:1

Во вечерашниот натпревар нашата фудбалска репрезентација официјално  ја испрати Австрија на Евро 2020. Со вечерашниот пораз од 2-1 на „Ернст Хапел“ во Виена на нашата репрезентација и останува во вторник против Израел со победа да се избориме и да се надеваме на третото место што би било најдобар пласман во историјата.

Десеткувани, без капитенот Горан Пандев, со низа дебитанти во тимот, Македонија и не можеше да очекува повеќе од пораз против фаворизираната Австрија, која се изнапромашува во првиот дел, а откако се задоволи со водството од два гола, нѝ дозволи да поиграме, па на крајот и да им дадеме гол во Виена.

За Македонија и официјално останува шансата за историски пласман на Евро 2020 преку мартовскиот бараж во Лигата на нации и полуфиналната пресметка со Косово, а потоа финалето ако го минеме северниот сосед.

Дека Австрија ќе победи стана јасно уште по седум минути игра, кога мајсторската аситенција на Конрад Лајнер ја искористи Давид Алаба за рутински да погоди за водство, најмногу и поради лошата поставеност на дефанзивната линија за офсајд замка.

Ив Алегро поранешниот партнер на Федерер е обвинет за силување

Блискиот пријател и поранешниот партнер во двојки на Роже Федерер, Ив Алегро, е обвинет за силување!

Алегро (41) е обвинет за силување на девојка во 2014 година во Естонија од неименуван австриски тенисер. Тој тогаш беше вработен како тренер во Тениската федерација на Швајцарија. Во обвинението се тврди дека Алегро бил во алкохолозирана состојба поради што две девојки морале да избегаат од него и да го напуштат клубот во кој биле.

Девојката која го пријавила силувањето, го обвини Алегро дека тој „не бил џентлмен“, а подоцна изјави „дека била принудена да има секс со него“. Девојката завршила со тешки повреди на телото, отоци и гребнатини.

А медицинскиот извештај ја потврдил приказната на тенисерката. Од друга страна одбраната ги негира обвинувањата и мирно го чека судењето закажано за 9. декември. И покрај обвинувањата, Алегро се уште работи во Тенискиот сојуз на Швајцарија.

Федерер и Алегро имаат освоено две титули во двојки и тоа во Виена 2003 и во Хале 2005 година.

Лионел Меси, по шести пат ја освои престижната награда – „Златна топка“

 Лионел Меси,  успеа по шести пат да ја освои престижната награда – „Златна топка“ која му беше врачена на денешната гала-свеченост во Париз.

Напаѓачот  на Барселона, успеа да ја добие трката со играчите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах. Аргентинецот  претходно ја прими наградата и во: 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година. Меган Рапино која настапува за Реин и за селекцијата на САД, беше прогласена за најдобра кај дамите. Таа на Светското првенство ја предводеше нејзината земјадо шампионската титула.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман заврши во рацете  Алисон Бекер кој со неговиот Ливерпул ја освои Лигата на шампионите. За најдобар млад фудбалер до 21 година е избран Матијс де Лихт од Јувентус кој во текот на летото го напушти тимот на Ајакс.

Мурињо стартуваше со победа

Специјалниот“ Мурињо со победа се врати на фудбалот. Како нов менаџер на Тотенхем, тимот го совлада Вест Хем како гостин со 2:3. Можеби победата делува „тесна“, меѓутоа со исклучок на финишот, тимот на Португалецот доминираше во текот на целата средба, и имаше 0:3.

На полувремето беше 0:2 откако стрелаа Сон и Лукас. Уште од тогаш се знаеше дека Тотенхем е блиску до победа, а Кејн зголеми на 0:3. Сепак, во финишот опуштање од одбраната на европскиот вицепрвак и два гола за Вест Хем, но недоволно за пресврт. Најпрво Антонио за 1:3, а во последната секунда и Огбона за конечни 2:3.

sportmedia.mk

Популарно