Подготвувајте се ќе се одржи „Ракија Фест“

Според најавите на 29, 30 ноември и 01 декември, со почеток во 18.00 часот напладне, за првпат ќе се одржи „Ракија Фест“ на плоштадот Мајка Тереза (кај платото пред Македонска Опера и Балет).

Се подготвува тридневна прослава со нашиот омилен традиционален пијалок – ракија, добро традиционално мезе и секако, добар музички асортиман.

За време на фестивалот ќе има посебни штандови на кои ќе бидат презентирани голем секаков вид на ракија.

Наскоро ќе биде објавена и целосната програма на музички артисти кои ќе настапат за време на „Ракија Фест“, а меѓу нив ќе го видиме и популарниот Владо Јаневски.

Ова уметничко дело ќе биде продадено за неверојатни 120.000 долари

Звучи неверојатно но ова дело изложено во една галерија во Мајами ќе биде продадено за дури 120.000 долари.

Сето тоа би било во ред да не беше толку необично. Станува збор за банана залепена со селотејп на ѕид.

Според податоците објавени на сајтот „Artnet“, две од три уметнички инсталации се продадени и цената сега достигнува и до 150.000 долари.

Бананата залепена со дебел селотејп е дело на Маурицио Кателан и била претставена во средата во галеријата „Perotin“.

Бананата била купена во супермаркет во Мајами и е залепена со парче сив селотејп.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The talk of the town in Miami right now is Maurizio Cattelan’s “Comedian,” a banana 🍌 duct taped to the wall. Two have already sold for $120,000 at Perrotin 😉 read more, including about the banana my husband, @nnddmmyy, hung on his dorm wall for two years, on Artnet News, link in bio @artnet @galerieperrotin @mauriziocattelan @artbasel #art #conceptualart #banana #sculpture #artbasel #artbaselmiamibeach #artbaselmiami #artfair #artgallery #artwork #whatisart #isthisart #miami #miamibeach #florida #miamiflorida #mauriziocattelan #perrotin #galerieperrotin #artist #bananapeel #ducttape #artnetnews #artcollector #vippreview #artjournalism #artjournalist #openingday #artgallery #gallery #artworld

A post shared by Sarah Cascone (@sarahecascone) on

Основачот на галеријата, Емануел Перотин, за CNN рекол дека бананата е симбол за глобалната трговија, како и дека често се користи во хумористична смисла.

Потенцијалните купци треба да знаат дека не постои инструкција за тоа што треба прават кога бананата ќе почне да скапува.

Инаку, Маурицио Кателан е уметник кој често ја предизвикува популарната култура. Едно негово дело - тоалетна школка од 18-каратно злато е проценета за околу 6 милиони долари. Украдена е во септември во Англија. Биле уапсени пет лица, но тоалетната школка не е пронајдена.

Жена во својот двор открила пајакова мрежа на која огромен пајак јадел лилјак

Оваа жена навистина се шокирала од глетката што ја затекла во својот двор. Во американската сојузна држава Тексас, Анета во дворот открила пајакова мрежа која била долга речиси два метри, а на неа голем пајак јадел лилјак.

 Анета Аланиз Гуајардо отишла на работа, а со камера снимила што се случувало кога се вратила. Фотографиите сега станаа вирални, иако се направени на почетокот на годинава.

Лилјакот бил заробен во мрежата, а пајакот се нишал над него.

Експертите заклучиле дека се работи за пајак од родот Nephila Clavipes кој може да порасне и до 8 сантиметри, а може да сплете мрежа долга и до два ипол метри.

Како што пишуваат странските медиуми, пајакот кој Анета го нашла во дворот е женка, а мажјаците се многу помали. Не е вообичаено да јадат лилјаци и имаат слаб отров.

Наводно пајакот е отстранет од дворот и жив е пуштен во дивина.

ФОТО: Таа беше најубаво девојче на светот - денес има 14 години и е целосно изменета

Не е тајна колку кај Американците се популарни детските натпревари за убавина, а голем број мајки токму во нив гледаат можност нивните дека да станат менекенки или модели. Но, сте има две страни, па и ова, а тоа најдобро на своја кожа го почувствувала младата Един Вуд.

Лицето на ова девојче е многу познато - претходните години таа неколку пати победуваше на различни натпревари за убиавина, а беше прогласена и за најубаво девојче во цела Америка.

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само 2 години, инсистирајќи на тоа синооката Един секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани од тул.

Мики до таа мера сакала да ја зачува убавината на својата ќерка што ја терала да јаде исклучи нискокалорична храна, а ја носела и на солариум, секојдневно ѝ давала енергетски пијалоци, за Един да биде добро расположена.

Ваквиот начин на живот и темпо не се одрзиле добро врз здравјето на оваа млада дама - континуирано имала силни главоболки, а добила проблеми и со метаболизмот.

Подоцна испливале и информации дека Мики често и ја тепала својата ќерка, а целта било Един да создаде отпор на стресни ситуации.

На крајот оваа мајка била предупредена дека мора да го промени однесувањето за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Един решила да престане да се натпреварува кога наполнила 6 години и освоила 300 титули. Денес таа има 14 години, а и понатаму се занимава со моделинг, но во далеку помала мера. 

Популарно