Дали новинар е виновник за „здравствените“ проблеми на Вучиќ

Како што наведуваат медиумите во соседна Србија наводно поради расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, по што бил примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Новинарот, кој  успеал да го растревожи Вучиќ, всушност го потсетил на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба.

За здравјето на Вучиќ се огласи и министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот. Ситуацијата на Вучиќ сега е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.

Што му порача Северина на поранешниот сопруг?

Пејачката Северина, која неодамна го загуби старателството над нејзиниот седумгодишен син, Александар, бидејќи судот пресуди во корист на нејзиниот сопруг, Милан Поповиќ, му порача на поранешниот партнер преку песна „Добредојдe во клубот“ на при настапот на еден од нејзините концерти.

Северина сега ќе може да го гледа својот син само според условите утврдени во пресудата, а за прв пат се обрати со порака за која се претпоставува дека е испратена до нејзиниот поранешен сопруг и таткото на нејзиниот син.

„Мене ти, а тебе јас, но на сите тоа ќе им се случи, добредојде во клубот, око за око, заб за заб“, е еден од големите хитови на Северина, а таа го испеа заедно со публиката на еден настап во Загреб, а во оваа пригода се заблагодари за поддршката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Rođeno moje ❤️ #rodjenomoje #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #zahvalnazasve #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Легендарниот ИЏЕ, го “предизвика” директорот на Агенцијата за млади и спорт

Игор Стефановски - Иџе — Македонски професионален рели возач, кој  моментално се натпреварува во Европскиот куп на туристички автомобили (ЕКТА) се обрати преку својот ФБ профил до Агенција за млади и спорт, еве што напиша Иџе:

„Почитувани Агенција за млади и спорт 

Јас сум спортист и секогаш сакам фер игра. Би сакал да нагласам дека неточен е податокот дека во 2018 година од буџетот на АМС ми биле доделени 8,5 милиони денари, исто како што е целосна невистина тврдењето дека во 2019 година ми бил доделен ваучер во износ од 500.000 денари.

Уште поразочарувачки и тенденциозно делува напишаниот факт дека од 2018 година ми се исплаќал паричен надоместок за стекната категорија – стипендија од Светска категорија во висина од 2 просечни плати, небаре станува збор за награда која АМС ми ја доделува тукутака, а не е тоа легално стекната стипендија врз основа на постигнати резултати на меѓународен спортски план.

Како и да е, деновиве ќе имам прес-конференција на која ќе ги обелоденам сите информации за оваа натпреварувачка сезона и за односот на АМС кон мене и мојот тим во изминатава година, а за да нема никакви заблуди и ширење на ноторни невистини јавно ги поканувам челниците и одговорните во АМС да присуствуваат на овој прес и лично да ги соочиме аргументите“

Видео: Какво е ова чудо на небото?

Во текот на месец ноември  снимени  се неколку неидентификувани објекти, кои потсетуваат на змии, а истите се забележани  во неколку американски држави, од Калифорнија до Вајоминг.

Невобичаените објекти се истовремено забележани и во Шкотска. Меѓутоа, сеуште нема објаснување за оваа необична појава на небото.

Бројните сведочења за чудните објекти кои лебдат на многу места во Америка, ја разгори теоријата на заговор дека владата тајно ги прислушува граѓаните, пренесува “Дејли стар”.

Популарно