Поранешниот уставен судијa Ивановски-Јустиција ја закопавме длабоко во земјата!

 Во вечерашното гостување на „Топ Тема“  поранешниот уставен судија, Трендафил Ивановски, се осврна на последните случувања, со кои поранешната јавна обвинителка Катица Јанева доби домашен притвор.

Ивановски не е задоволен од таквата ситуација, додавајќи дека системот не функционира добро.

„Состојбата е загрижувачка. Во сето ова, доказ е дека нашиот политички и судски систем, кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото. Јустиција ја закопавме длабоко во земјата. Ваквата состојба во Македонија трае 15 години најмалку. Тој систем наместо да оди напред, оди само назад. Во тој систем се пронаоѓаат различни афери и тоа е доказ дека не ги бива работите“, истакна Ивановски.

СТРАШНО: Нападнати деца, едното рането со нож

Вечерва во Бутел кај Зегин физички нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13-годишниот Никола од Бутел, обелоденува Дарко Костовски.

Според неговите информации, Никола сега е во стабилна состојба, но Костовски порачува:

Јавно барам веднаш градоначанлникот Смилевски, командирот на полициската станица и сите останати надлежни да дадат се од себе и оваа група деликвенти и кукавици да се пронајде, да се истакнат нивните идентитети и веднаш да се преземат сите законски мерки. Во спротивно ќе следи голем протест со граѓанска непослушност. Овој случај мора веднаш да се реши!

Видео: Напад во воена база во САД

Денеска при напад во военопоморската база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида убиени се три лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач.

Од канцеларијата на шерифот првично беше јавено дека во поморската база се уште се наоѓа „активен стрелец“, додека неколку минути подоцна беше соопштено дека полицијата го ликвидирала напаѓачот.

Освен напаѓачот, убиени се уште две лица, соопшти морнарицата, без да даде детали за идентитетот на жртвите.

Оттаму се наведува дека во нападот се повредени уште најмалку седум лица, додека локалните болници потврдиле дека примиле 11 повредени.

Ова е втор смртоносен напад со огнено оружје во американските воени бази неделава.

Портпаролот на Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за инцидентот и дека ја следи ситуацијата.

Во базата Пенсакола се вработени повеќе од 16.000 војници и 7.400 цивилен персонал.

Во базата се наоѓа Националниот музеј на морнаричката авијација, која е популарна регионална туристичка атракција.

Работник му се пожали на Шилегов: Само 9 000 плата, а 3 месеци ја немам земено

Сезонските работници во о. Чаир вчера му се пожалија на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека земаат плата од 9.000 денари, а и таа им доцни три месеци. Тој низ насмевка им рече „На лошо место работите“ и за да ги утеши им најави дека од после Нова година платата ќе им биде 14.000. Кога дојде градоначалникот на Чаир, Шилегов го прегрна и му посочи да им дава плата.

- 9 илјади денари плата, а 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте, му посочил еден од работниците, јавува ТВ21.

По кратко време пристигнал и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој изјавил дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

- Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите, рекол Ганиу.

Популарно