Гинеколог обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација

Полицијата го истражува украинскиот гинеколог обвинет дека продавал снимки од скриена камера поставена во неговата ординација. Снимки и фотографии од негови десетина пациентки биле пронајдени на порно страница.

Случајот бил откриен откако една жена која побарала да остане анонимна, се видела себеси на гинеколошки преглед на порно страница, додека докторот Вјенчеслав Триполко ја прегледува со ултразвук.

Полицијата веднаш упаднала и ја пребарала гинеколошката ординација во украинскиот град Одеса каде што била пронајдена скриена камера. Полицијата открила повеќе снимки од голи пациентки, кои подоцна биле објавувани на сајтови со порнографска содржина.

Гинекологот Триполко е обвинет за илегално производство и дистрибуција на порнографија и му се заканува затворска казна од седум години.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за угледен и популарен гинеколог во Одеса. Тој не бил задржан во притвор, но му била одземена лиценцата за работа.

Пациентката која му испратила неколку пораки на докторот после шокантното откритие, вели дека гинекологот цело време негирал дека тој стои зад снимките.

„Тој мисли дека е само пион во нечија валкана игра. Обвини и некои други гинеколози дека поставиле камера во неговата ординација и потоа ги објавиле снимките на интернет. Тој изјави дека секој можел да ја постави камерата. Треба да се докаже дека Триполко снимал и дистрибуирал“, изјави пациентката.

Обвинетиот гинеколог вели дека минатото лето нарачал поставување на нов аларм во клиниката. Тврди дека во тој период секој можел да постави скриена камера, но сепак фатен е во лага затоа што некои снимки биле значително постари.

Директорот на болницата каде што се наоѓа гинеколошката клиника, доктор Олег Лукјанчук изјави: „Најпрвин мислев дека станува збор за нечија болна и злонамерна шега. Како граѓанин, како човек, како доктор, целосно сум згрозен“.

Лажен јасновидец ја убедил да имаат односи за да се тргне магијата додека сопругот ја чекал пред врата

Јасновидците во Србија користат секакви методи за да им „помогнат“ на загрозените луѓе кои им се обраќаат, а пред сè да ги наполнат своите паричници. Некои од нив имаат невообичаени и крајно непристојни „мерки“, па така еден маж претставувајќи се како Тришо Јасновидецот се обидел да измами жена дека магијата ќе ја снема доколку таа има секс со него.

Жената што ја „платила“ оваа измама сега се обидува да ги предупреди останатите да не се залетуваат да му поверуваат на овој јасновидец бидејќи на неа веќе и е уништен животот.

Поради семејни и здравствени проблеми, младата жена побарала совет од извесен јасновидец Зоран Т. познат како Тришо јасновидецот, и оттогаш нејзиниот живот станал пекол. Во својата исповед таа тврди дека тој ја злоставувал, и дека и ги уништил бракот и семејството и дека денес едвај се движи. Таа моли некој да го спречи овој измамник. Таа своето сведоштво го изнела на интернет на страница за измамени жртви од јасновидци.

„Зоран Т, е најголемиот измамник во Србија, наречен Тришо јасновидецот. Работејќи преку фотографија, преку хипноза, ме принуди несвесно да се соблечам. Тој ми ги допираше градите додека мојот сопруг и мојот син седеа пред куќата затоа што тој индивидуално нè внесуваше во просторијата … – напиша оваа жена на една од страниците за измама.

Таа вели дека долго време, не можела да му каже на никого, се доверила, затоа што се срами од сето она што се случило.

„Останавме без пари, не можам да одам по улицата, тоа ми го уништи бракот и нè направи будали. Тој нанесе голема штета на нашата куќа и оттогаш ништо не одеше како што треба. И денес тоа врши притисок врз мојот ум и моето тело. Тој го уништи семејството и не знаеме што се случува со нас – оваа жена сведочи дека е убедена дека јасновидецот продолжува да влијае врз неа и дека тој е главниот виновник за нејзината состојба.

„Верувам дека ќе му плати на Бога еден ден за сите зла, и се надевам  ќе плати и во полиција, вели очајната жена.

ВИДЕО: Улична продавачка нокаутира полицајка во Белград

Улична продавачка во центарот на Београд е застаната од страна на службено лице.

По мала вербална расправија продавачката не сакајки да ја причека останатата екипа од полицијата да пристигне и да ја евидентира таа ја напаѓа полицајката и ја нокаутира.

Погледнете: 

ВИДЕО: Го возеше татко и на хауба низ цел град!

На видеото снимено од сообраќајни камери се гледа постар човек како лежи на хаубата од возилот и со двете раце се држи да не падне под него. 

Настанот се случил во Кина, а причината била расправија меѓу ќерката и родителот. Според информациите од локалните медиуми, таткото не сакал да и дозволи да оди на работа, па застанал пред возилото. Ќерката сепак тргнала, па го повозела и него низ улиците. 

Популарно