За газда Саво работникот е закон: Наместо 250 евра, кај мене заработуваат и до 2.500 евра

Саво Ковачевиќ е успешен Босанец во Германија. Тој е сопственик на компанијата Kovacevic Strassenbau којашто се занимава со одржување и реновирање на патишта и тротоари. Според него, во оваа дејност неговата компанија е најдобра во цела Германија.

Тој вели дека неговата компанија годишно заработува околу шест милиони евра, а има 64 вработени. Ако се земат и вработените од останатите компании кои сезонски работат за неговата компанија, тој број се зголемува на 120. Со гордост истакнува дека над 80 од вработените доаѓаат од БиХ.

Вредни и чесни

Секој кој одлучува да дојде во Германија и сака да работи во мојата компанија, веднаш му обезбедувам виза за влез и работа бидејќи јас сум многу задоволен од нив. Исто така, сакам да потенцирам дека моите најдобри вработени доаѓаат од Тузланскиот кантон и тие се многу вредни, точни, прецизни и искрени. Досега сум немал никаков проблем со нив, а нашите германски партнери се крајно задоволни од работата што ја вршат. И тие се задоволни со мене како работодавач бидејќи досега не се случило ниту еден вработен да ме напушти, а на голем дел од нив им се насмевна среќата и останаа да живеат во Германија, вели Ковачевиќ.

Доаѓаат со семејствата

Иако на многумина им дал леб во рака, тој не крие дека одредени луѓе го мразат од дното на душата бидејќи извезува работна сила од БиХ.

Овие луѓе работеле таму за месечна плата од 250 евра, а кога дојдоа кај мене, тие заработуваат 2.500 евра. Имам три куќи, апартмани и ги оставам да престојуваат таму додека не се снајдат. Некои доаѓаат во комплет со своете семејства, а потоа се одвојуваат изнајмувајќи сопствени станови и започнуваат со нов живот. Ова е најголемиот доказ дека ја правам вистинската работа за моите луѓе и мојот народ, заклучува Ковачевиќ.

Босанец во срцето и душата

Иако е роден во Германија, Ковачевиќ не го заборавил местото од каде што потекнуваат неговите родители. “Без оглед на тоа што сум роден во Германија, јас сум во Босанец во срцето и душтата“, вели тој.

Хуманист

Иако за тоа не сака да зборува, Ковачевиќ е исто така голем хуманист. Тој вели дека секогаш е тука кога на некој му треба помош. Особено е чувствителен за крајот од каде што потекнува па затоа им помага со пари кога и да треба да се изгради некоја црква или џамија.

Паднав на тераса поради најзгодниот тип: Најлудата авантура на Тања Кочовска

Откако пред неколку дена го прослави својот 53-ти роденден, актерката Тања Кочовска вели дека е задоволна и среќна од себеси. Роденденот, таа реши да го прослави со својата сестра, пејачката Лидија Кочовска.

„Дента на мојот роденден, бевме со Лидија до Грција на кафе на море. Вечерта пред роденденот ми дојде таа идеја. Една од најдобрите другарки ми живее во Ријека и се случува вечерта да ми дојде да се спакувам и сабајлето рано да седнам во кола и да отидам кај неа. Многу ги сакам тие изненадно-авантуристички моменти“, вели шарматната актерка.

Повеќе детали читајте на Женски магазин тука.

Фото: Таа се „осмели“ да го оцрни Коби Брајант

НБА звездата Коби Брајант  загина  вчера во хеликоптерска несреќа, тој покрај неверојатните успеси кои ги имаше, беше човек и кој јавно призна дека ја изневерува сопругата откако беше обелоденото дека е обвинет за силување на вработена во хотел.

На овој детал само неколку часа по неговата смрт потсети новинарката на Вашингтон Пост, Фелиција Сонмез споделувајќи текст од пред неколку години, по што на нејзина адреса пристигнале голем број закани.

-Па, ова навистина ги отвори очите. За оние 10.000 (буквално) кои коментираа, ми праќаа мејлови со навреди и закани дека ќе бидам убиена, ве молам да застанете и да ја прочитате оваа приказна. Напишана е пред повеќе од три години и не ја пишував јас. Секоја јавна личност би требало да биде запаметена во својата целовитост, напиша новинарката.

По ваквите објави на Твитер, Сонмез беше суспендирана од своето работно место.

„Медо“ е виновен за размената на слики на малолетнички!

Според последните информации МВР влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови.  Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци, но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни, пишува Телма.

„Медо“ е кодното име на администраторот на групата на телекомуникациската апликација „Телеграм“ која викендов ја крена на нозе македонската јавност, откако беше обелоденето дека таму се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки. Тој за македонски медиуми тврди дека целта не била порнографија, но работата излегла од контрола.

Популарно