Детето кое избоде дете во Бутел има само 12 години

Дете на возраст од 12 години е напаѓачот што во петокот со нож избоде малолетник во скопската населба Чаир. Полицијата поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје, двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство" и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете".

Според пријавеното, малолетниците на 6 декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски" физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет го повредил 15-годишникот, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.

Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има помалку од 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Четворицата малолетници во петокот во Бутел со нож нападнаа две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.

Се огласи Мизрахи за Јавна соба: Јас сум верник и ќе се борам против развратот

Се огласи министерката за труд и социјална плитика предложена од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за групата на Телеграм, која предизвика револт во јавноста. За дисторзијата во општеството таа прстот го впери кон власта на СДСМ. 

„Скандалот со групата Јавна соба на социјалната мрежа Телеграм само ја отсликува моралната дисторзија која се случува во нашата држава во изминатите три години во кои ,,дојде” животот“, напиша Мизрахи на својот фејсбук профил.

Таа вели дека наместо придвижување напред во позитивна насока, во изминатите три години ние доживуваме невиден дебакл, кој се отсликува во креирање на група во која членувале преку 7.000 членови. 

Таа вели дека е верник и сака да се врати моралот во општеството.

„Инертноста која ја покажува актуелната власт само дополнително ја стимулираа таа дисторзија да земе поголем замав и да навлезе во секоја пора на нашето општество. Затоа, мора сите активно да се вклучиме и дадеме активен придонес во справување со неморалот, развратот, деградирање на семејството како основен столб на нашето општество. Јас, како човек, родител, верник и човек што ја сака Република Македонија нема да дозволам и ќе се борам оваа негативна тенденција да ја уништиме и да ја вратиме довербата во системот, државата, семејството и вербата во луѓето“, пишува Мизрахи.

Најавува дека Министерството за труд и социјална политика ќе преземе мерки и ќе даде активен придонес во справување со секој предизвик, и ќе понуди помош на секој оној што има потреба.

На крај завршува со тоа дека граѓаните заслужуваат да имаат министер и министерство што се грижи за нив.

Новиот закон во Германија: Ќе вработува Македонци и овозможува престој до шест месеци

Новиот закон во Германија, кој ќе стапи на сила од 1 март, ги олеснува процедурите за вработување работници кои живеат во земји кои не се во Европската Унија и овозможува престој во Германија до шест месеци, само за барање работа.

Ова значи дека државјаните на земјите кои не се во ЕУ се изедначуваат со резидентите на Унијата во однос на правата за вработување во германските компании.

Со новиот закон се поедноставени процедурите за признавање на дипломите на доселениците од трети земји, со што ќе се скрати времето на чекање за издавање официјална потврда и нострификација на дипломите.

Воведена е и можност дури и оние кои немаат сигурна работа во Германија да може да престојуваат во таа земја со посебна виза и до шет месеци барајќи работа. За да добијат такво одобрение, ќе мора да исполнат одредени услови, како што е доказ дека имаат доволно средства да се издржуваат затоа што нема да имаат право на социјална помош.

Досега граѓаните од регионот можеа да останат во Германија најдолго три месеци.

На врвот на листата најбарани професии во Германија се програмери, инженери, електричари, негуватели и здравствени работници. Во Германија моментно недостасуваат околу 1,7 милиони индустриски работници, мајстори и медицински персонал.

До кога ќе се измачуваат до смрт невини животни?

До кога ќе се измачуваат до смрт невини животни во Скопје? Кој си зема за право, да си игра со животот на овие животни. 

Денеска, оваа слика се појави на Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам. Сликано е во Скопје, а истата наиде на еден куп осудувачки и лоши коментари од страна на јавноста. 

Воопшто некогаш не се потребни коментари. Сликата зборува самата по себе. 

Тепани, претоварени, изгладнувани, умираат без капка вода, секојдневни робови на скопскиот асфалт! 

- Која цивилизирана земја ова го третира за подразбирливо, прифатливо, нормално? Прашуваме како е можно сè уште државата да биде целосно инертна и го игнорира секојдневниот проблем на злоупотреба, преработување, искористување на коњите како превозно средство и средство за влечење товар во Македонија. Во меѓувреме ова се слики од улиците врз чија основа може да процените сами дали овој проблем смее и понатаму да се премолчува – реагираа неодамна од Анима Мунди во врска со измачување на коњите. 

Популарно