На 32-години почина поранешен одбојкар на Џио Струмица

Тажна вест за струмичката одбојка, на 32 години почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории. Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009 година, соопштија на официјалната страница на одбојкарската федерација на Македонија.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите, во неговиот роден град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.

ЗаСе изразува сочувство до семејството на Дени.

Извор: Спортмедиа

МЛАДАТА КОШАРКАРСКА ЅВЕЗДА КОЈА НИКОГАШ НЕМА ДА БЛЕСНЕ

Тринаесетгодишната Џиана била голем кошаркарски талент и со помош на личниот тренер – Коби се надевала на живот на професионална кошаркарка. Секако не е лесно да се биде ќерка на Коби Брајант, петкратен НБА шампион – очекувањата се големи, но на Џиана тоа и одело без проблем.

Брајант бил убеден дека таа ќе успее во тоа. Често зборел за нејзините желби да го наследи и да биде ѕвезда во женската кошарка.

За жал, кошаркарскиот свет нема да биде во можност да види дали тоа ќе се случи.

Брајант и Џиана во неделата тргнале на кошаркарски меч кога нивниот хеликоптер падна во градот Калабасас, западно од Лос Анџелес. Никој не преживеа.

Одеа на кошаркарски турнир за млади таленти во Мамба спортската академија, пренесуваат американските медиуми. Џиана играла, а Коби бил тренер на екипата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@wnba finals rematch got us hype! A lil one on one with my baby Gigi #footwork #stringmusic #mambacita

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Тие двајца често оделе заедно на кошаркарските натпревари, а многумина наведуваат дека биле многу блиски.

Брајант во едно интервју рекол дека неговата ќерка била одлучна во намерата да заигра за Универзитетот во Конектикат (кој по трагедијата на социјалните мрежи стави нивна фотографија).

Тоа го изјави во 2016 година кога замина во кошаркарска пензија.

Во пензионерските денови повеќето време го минувал со сопругата Ванеса и четирите ќерки – Џиана, Натали, Бјанка и Капри.

Каков однос имаа Брајант и Џиџи, се гледа и по објавите на социјалните мрежи.

Брајант еднаш на Инстаграм ставил видео во кое се гледа како игра еден на еден со ќерка му, додека во другото видео во кое ја советува својата ќерка за кошарката, стана вирално во минатата недела.

Само ден пред трагедијата објавени се фотографии на кои се гледа како Брајант го тренира кошаркарскиот тим на Џиана.

„Имаше табла, црташе акции и разговараше со кошаркарките“, изјави еден сведок на тоа случување за Њујорк пост.

НБА комесарот Адам Силвер вели дека на Брајант „му било посебно задоволство љубовта кон играта да и ја пренесе на Џиана“.

Брајант очигледно верувал во способностите на ќерка му. Минатата година за ЛА Тајмс изјавил дека неговото семејство со неа е во добри раце. Како што рекол таа е нешто посебно.

Гостувајќи во емисија кај Џими Кимел во 2018 година Брајант рекол дека фановите често му приоѓале и барале од него да добие син кој ќе го наследи.

„Најдобрата работа која се случи кога ќе излезевме е кога навивачите пред неа ми приоѓаа и велеа„мораш да добиеш син, ти и Ванеса мора да добиете момче некој кој ќе те наследи““.

А таа само ќе каже „јас сум таа“, рекол Брајант. „И јас и велев „да така е ти си таа““.

Инаку Брајант не само што ја поддржувал ќерка му туку и развојот на женската кошарка.

Повеќе пати се обидувал да го сврти вниманието на Женската национална кошаркарска асоцијација основана 1996 година.

„Убаво е да ги гледаш како играат“, рекол Коби за ЛА Тајм минатата година.

Моментно во WNBA се натпреваруваат 12 тима, а лигата трае од мај до септември.

Иако популарноста на WNBA расте од година во година, кошаркарките и натаму се значително послабо платени за разлика од кошаркарите.

Дваесеттина повредени во судар на автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце

Патници и возачи на автомобил и на автобус се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Табановце, информираше денеска МВР.

Сообраќајката се случила во 21.50 на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучката за Крива Паланка помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Во несреќата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

– Повредените  имаа телесни повреди, само еден е задржан за понатамошно иследување – изјави доктор Стефан Трајановски, хирург ортопед од кумановската општа болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Полициските хеликоптери биле приземјени поради густа магла, а Брајант полетал!?

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џиана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија, објави „ТМЗ“, порталот кој прв ја соопшти страшната вест во јавноста.

„ТМЗ“ од свои извори дознале дека полициските хеликоптери на ЛАПД биле приземјени поради лошите временски услови и густата магла, но хеликоптерот со Коби и осумте труги патници меѓу кои и пилотот сепак полетале вчера рано наутро по американско време за да стигнат во „Мамба Академијата“ на бившиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Според информациите, хеликоптерот првпат „заглавил“ над зоолошката градина во ЛА, кога кружел повеќе од 15-на минути и најмалку шестпати летал на ниска височина поради непрегледноста од маглата причинета и од големата влажност, а сето тоа веројатно чекајќи да се тргне маглата и да продолжат кон дестинацијата.

Околу 9.30 часот по пацифичко време, пилотот имал комуникација со аеродромот Бурбанк, кои знаеле дека 15 минути хеликоптерот со Брајант кружи во тоа подрачје, а потоа пилотот тргнал на север кога завртел кон запад и почнал да се искачува над автопатот 101 кај Вудланд Хилс.

Десетина минути пододцна, кога се соочиле со уште поголема магла, „ТМЗ“ посоува дека е направена клучната грешка на пилотот. Тој го свртел курсот кон југ, а всушност тргнал кон планинско подрачје во непрегледна средина. И одеднаш почнал да ја крева висината од 1.200 стапки на 2.000 стапки, но само пет минути подоцна веќе навлегол во планинскиот предел на висина од 1.700 стапки со брзина од 298 километри на час (161 јазли) и потоа се урнал.

Популарно