ФОТО: Меган фотографирана на прошетка со Арчи, а луѓето веднаш ја искритикуваа

Меган Маркл е снимена како со широка насмевка на лицето го шета синот Ачри и две кучиња во Канада, каде живее откако таа и сопругот принцот Хари соопштија дека се повлекуваат од кралското семејството.

Меѓутоа, замерките кон Меган не престануваат и покрај нејзиниот среќен изглед. Многумина преку коментари ја нападнаа за начинот на кој го држи синот.

Слободата на коментаторите оди дотаму, што на Меган и препорачуваат да ангажира дадилка или пак да побара совет од некого за тоа како правилно се држи дете.

-Ве молам некој нека и покаже на Меган како се користи кенгур пред кутриот Арчи да испадне, гласи само еден од коментарите.

ФОТО: Куќата, тениските терени, терасата… се е под вода

Врнежите во Англија траат со денови, со што се излеа реката Темза од своето корито и го поплави речиси целиот имот на холивудскиот глумец Џорџ Клуни и неговата соруга Амал во Беркшир..

Под вода се тенискиот терен, кој се наоѓа во склоп на имотот, како и терасата на нивната луксузна летна куќа. Најголемиот дел од имотот е под вода.

На Клуни ова веќе еднаш му се случи – неговиот имот претрпе голема штета од поплавите во 2016 година, а поправките и уредувањето траеја 18 месеци.

ВИДЕО: Ѓоковиќ направи нов предизвик само за најхрабрите

Под називот „NoleChallenge: Outdoor Ice Bath" најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ супер ги забавувал своите следбеници на социјалните мрежи и ги повикал да го пробаат истото што и тој.

„Константин и јас преживеавме ледена планинска вода цели 45 секунди. Изгледа лудо, знам. Низ разни техники можеме доволно да се смирите за да преживееме екстремни услови како овој и поефикасно да се бориме со секојдневниот стрес во нашите животи“, напишал Новак пво опис на видеото во кое се гледа како влегува во студена вода.

„За оние кои ќе се осмелат ве предизвикувам на отворено да најдете студена вода и во неа да поминете најмалку една минута. Надвор мора да биде зима и водата да е студена. мора да бидете само во долна болека, мора да го потопите половина тело и во студената вода да останете најмалку една минута“, напишал Ноле.

Дали вие ќе се осмелите?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@iceman_hof how did we do? ❄️🥶🤟🏼 Constantine and I survived this mountain stream for 1 minute 45 seconds.. mindset is everything. The practice of ice baths looks crazy I know 😂 but it’s really beneficial for training the mind and body. Through various techniques (like breathing) we can calm ourselves enough to take on extreme conditions like this and more efficiently battle daily stress in our lives. I use Wim’s methods and find them beneficial for my life overall. “Mind over matter. Brain over body.” I suggest everyone to explore it and hopefully rise to this challenge! For those who dare, I challenge you to find an ICE COLD body of water outside and get in for at least 1 minute: - Must be winter and icy water outside - Must be only in underwear - Must have half the body submerged - Must be in for at least 1 minute Make sure to do your research and prepare as this can be pretty dangerous if you don’t follow Wim’s guidelines. Tag friends to do it with you and use #NoleChallenge when you share so I can see you guys. I’m so hyped for this, let’s goo!!!!!!! Idemooo!! 💪🏼 (I can share the full version of this on FB for #NoleFam if you guys want to see 😂) #iceman #wimhof #life #nature #breathing #meditation #reflect #mindset #justbreathe #wimhofmethod #innerfire #tbt

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Роналдо и плаќа на Џорџина да му ги чува децата

Роналдо и Џорџина веќе неколку години се во љубовна врска, а заедно ја имаат и ќерката Алана Мартина. Исто така Џорџина се грижи за другите три деца на фудбалерот.

Од врската со Роналдо, таа се подреди на семеен живот, но јасно е дека живее на високо ниво. Џорџина заработува многу со објавените фотографии на Инстаграм каде што рекламира разни брендови. Од објава добива околу 8.000 евра.

За да не се грижи за ништо Роналдо според информациите на „Кориере Дело Спорт“на нејзината сметка секој месец и уплаќа по 100.000 евра.

Ова и не е некое големо изненадување ако се знае колку Роналдо заработува од Јувентус и спонзорските договори. Само од Јувентус Португалецот добива 30 милиони евра по сезона.

Популарно