Апел за помош: Девојка се бори за живот – единствен спас трансплантација на срце

Девојка Скопје има една шанса за живот – за почеток чини само 5400 евра. Потребни се средства за припрема за трансплантација на срце. DOSIE.MK се придружува на апелот за помош да се собрат овие средства и да се помогне и понатаму. Во продолжение објавата и телефоните за донации:

- Драги пријатели,

Моето име е Емилија Х.Костовска,имам 38 години и боледувам од ” “дилатациона кардиомиопатија “. Со други зборови моето срце е болно и слабо и единствен начин да го продолжам мојот живот е да се направи трансплатација на срце. Поради тоа потребни ми предтрансплатациски испитувања ,кои се прифатени во КБЦ Загреб на 6 ти февруари,но чинат 5400евра кои за жал поради влошената здравствена состојба и предходните многубројни лекувања не сум во состојба да ги обезбедам. Овие испитувања ми носат надеж и можност за трансплатација на срце и продолжување на мојот живот.

Вашата помош ќе ми значи огромна поддршка во битката за живот.

Ви благодарам од сесрце

За сите хумани лица,

БРОЈ ЗА ДОНАЦИЈА :

ЗА VIP: 143 485

За Телеком : 143 120

Трансакциска сметка : 200002731961148 Стопанска банка

Се јави „кршачот“ на таблата со Северна - не се гордеам ама морав да се почувствувам жив

Се дозна кој ја скршил таблата со натпис Северна Македонија. Станува збор за Никола Ќурчиев од Велес, кој за „ова дело“ сам се пофали на фејсбук. Тој вели дека тоа го сторил свесно и дека сам ќе ја плати казаната.

„Луѓе вака - Нит сум член на партија ниту некој ме натерал да ја скршам таблата. Причината е тоа што секојдневно минам и кога че ја прочитам кованицата северна секогаш ми иде тешко на душава и ме боли, секогаш кога ќе го видам тоа се осеќам згазен навреден и понизен. И се погоди пијан да се враќам од чаршија и ја искршив. Не се гордеаам со потегот, ама морав да изреагирам некако да се осетам жив. А сам се пријавив од две причини - прво да не ме.собираат од дома и да ги вознемирувам моите уште рано од сабајле и второ ако избегав и ако не се пријавев ќе беше скршена табла само, вака ми се слушна гласот и револтот. Свесно се направив и свесно сам ке си ја платам.казната сто ми следува. Да живее Република Македонија“, напиша Ќурчиев на својот фејсбук профил.

Тој вчера бил уапсен бидејќи откако добро се опијанил, искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“.

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Османи: Како ќе почне кампањата - ќе ни ја одреди судбината за ЕУ

Ограноците на ДУИ до вечерва до партијата треба да достават предлози за кандидати за пратеници, кои по анализите и внатрепартискиот избор ќе подлежат на проверка, изјави на прес-конференција Бујар Османи, шеф на Изборниот штаб на партијата и вицепремиер за европски прашања. Османи денеска исто така упати порака до учесниците на предвремените парламентарни избори на 12 април дека од особено значење за нас ќе биде каква ќе биде кампањата имајќи предвид дека на 26 март е Самитот на ЕУ во Загреб.

„После новата усвоена методологија и прогрес извештајот кој што го очекуваме околу 2 и 4 март, еден од најважните фактори кои ќе ни ја определат судбината, ако можам да кажам во март, е како ќе се одвива изборниот процес“, рече Османи.

Исполнувањето на сите предуслови за фер и демократски избори ќе биде многу важно, рече Османи повторувајќи дека новиот Совет на ЕУ ќе се случи на 26 март, а тоа е четврти ден од кампањата.

„Што значи дека тоа што ќе се случи на овие избори во предизборната кампања и во почетокот на изборната кампања ќе биде последното што ќе го имаат во нивната меморија министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката. Овие избори не се исти со кои било други избори бидејќи се случуваат во моментот кога се носат одлуките. Микроскопот е зголемен на многу пати што се случува во земјата, а дури и минималните инциденти ќе имаат влијание на чуството што ќе го имаат министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката“, рече Османи.

Негативната кампања не е незаконска, додава тој, но не им помага на партиите што ја водат. ДУИ никогаш нема спроведено негативна кампања, нема да има ни во овој изборен циклус туку напротив ќе промовираме тоа што сме направиле и тоа што планираме да направиме, рече Османи.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ информираше дека ограноците на партијата до денеска треба да предложат имиња за кандидати за пратеници, а одлуката кој ќе биде носител на листа во изборна единица со носи во централата на партијата. Предложените кандидати партијата ќе ги подложи на различни анализи, на испитување на јавното мислење и слично по што ќе одлучи кои ќе бидат носителите на листите во шесте изборни единици.

„Вчера Чаир за двете зони даде околу десет имиња, Куманово даде три имиња, Липково даде три имиња…Повеќето од ограноците денеска ги имаат свикано нивните тела, за да предложат имиња“, изјави Османи.

Нашата Флопи е една од 1.669 останати „ротшилд“ жирафи во светот

Флопи во Скопската зоолошка градина е од видот „ротшилд“ жирафи кои се едни од најзагрозените животни на планетата.

Како што информираат од Зоолошката, единствени места каде што тие живеат во дивината се Кенија и Уганда.

Инаку, „ротшилд“ жирафите се уникатни по тоа што се единствени кои имаат пет рогови и долниот дел на нозете им е само со бела боја.

Останати се околу 1.669 единки од овој вид во природата, а Флопи е еден од нив. 

Популарно