Ова е причината за хеликоптерската несреќа

По несреќата во која животот го загубија Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и 7 други лица кои патуваа со него на кошаркарски натпревар, експертите на местото на настанот се обидуваат да ги разјаснат причините за оваа трагедија.

Имало неверојатно лоши услови за летање, мала и скоро никаква видливост, релативната влажност на воздухот била 100%, дополнително го згуснале маглата и загадувањето од дивите пожари по што воздухот бил како крем-супа, се зборовите на метеорологот на CNN, Мајкл Гај.

Хеликоптерот со кој патувал Брајант бил негов, произведен 1991 година, ова било редовна процедура во неговото секојдневие, а моделот на леталото важи за еден од најсигурните на пазарот.

Втор смртен случај од грип во Македонија, еден пациент во животозагрозувачка состојба

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиника за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени. Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години.

Прегазено 10- годишно дете- со тешки повреди префрлено во болница

Во Куманово прегазено 10- годишно дете и со тешки повреди префрлено во болница.

Вчера во 17 часот и 25 минути било пријавено дека на улица „Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(47) од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово. 

Уапсен познат криминалец близок до Заев и Спасовски

Полициските сили на СВР Скопје синоќа го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец близок со лидерот на СДСМ Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски, пишува порталот „Лидер“.

Како што брифираат извори за порталот, Абдиоски е уапсен затоа што е осуден на шест месеци затвор, а по него се трага и за еден куп други кривични дела.

Порталот пишува дека тој е многу близок до раководството на СДСМ и во минатото прилично и вршеше работа на партијата за избори.

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски, но и со Мухамед Зекири.

Популарно