Двојно убиство рано изутрината се случило во казиното „Вегас“

Двојно убиство рано изутрината се случило во казиното „Вегас“ кај Блаце, дознава Пресс24 од извори во истрагата.

Четири маскирани лица вооружени со автоматско оружје, калишникови, влегле да го ограбат казиното. Убиле еден од вработените како обезбедување и уште едно лице кое во моментот играл на слот апарат.

Како што дознаваме од извори во истрагата, лицето кое играло е косовски државјанин В.Х., а лицето кое работело како обезбедување не било пријавено.

Убава вест за љубителите на домашните миленици

Пред неколку дена Владата донесе уште една мерка која го ограничува движењето на сите граѓани во земјава за време на викендите со цел спречување на ширење на корона вирус. Меѓутоа ова мерка создаде „проблеми“ кај сопствениците на домашните миленичиња.

Здруженија и сопственици на домашни миленичиња доставија барања до Владата за да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

Владата  ја измени уредбата за ограничување на движењето за време додека трае епидемијата на корона вирусот, со што им овозможи на љубителите на домашните миленици тие да можат да ги изнесат надвор со цел да ги извршат физиолошките потреби додека трае полицискиот час.

За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, гласи одлуката на Владата.

Тоа значи дека во сабота и недела за љубитрелите на миленици останува да важи ограничувањето на движење од 16.00 до 20.00 часот и од 20.30 до 05.00 часот утредента.

Во моментов Владата на седницата размислува за уште еден сет на мерки за ограничување, а за утре се најавени економските мерки.

ШОК: Две родилки во Скопје се инфицирани од Ковид19, едното бебе починало

Две жени, кои што се породиле во изминативе два дена на Клиниката за гинекологија се заразени од корона вирус, дознава Канал 5 од извори од здравство.

Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта. Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симтоми на вирусот.

Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус. Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир..

Спасовски: Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана  од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата.

Тој најави и дека надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

-За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, обезбедуваме брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие просечно ќе добиваат по седум илјади денари по домаќинство. Проценетиот опфат на преземените мерки изнесува околу 30 илјади нови домаќинства од неформалната економија и 30 илјади постоечки корисници, рече премиерот.

Во сетот мерки што ги донела владата е и мерката за одложување закуп за корисници на социјални станови .

-Се одложува плаќањето закупнина за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето и за закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука во однос на плаќањето на кириите на закуп кај сите закуподавачи, појасни премиерот Спасовски.

Популарно