Познат македонски борач е еден од убиените во казиното во Блаце!

Албанскиот медиум „Зиртаре“ објави дека младиот борец Бунјамин Нуиши, кој беше член на боречкиот клуб Тефејуз и имаше многу успеси на спортските настани бил убиен во нападот на казиното во Блаце.

Убиството се случило кога четири маскирани лица со автоматски пушки влегле во казиното за да го ограбат, по што освен Нуиши настраладо и уште едно лице присутно во објектот.

Нуиши за последен пат настапи на Светскиот куп во борење во шалвари Дунја купот во градот Кахраманмараш во Турција, каде што триумфираше во првата борба против борец од Белорусија, по што загуби од светскиот шампион од Азербејџан.

Повратник од Канада во Битола починал во самоизолација

Маж на 60-тина години кој се вратил од Канада и престојувал во самоизолација во својот дом во Битола, бил пронајден мртов на улицата Димче Лахчански.

Според првичните инфромации тој неколку дена не одговарал на повиците на соседите па тие одлучиле да повикаат полиција  Повикани биле и битолските пожарникари, кои дошле без соодветна опрема и одбиле да влезат во станот на починатиот. Тоа го сториле полициските службеници кои заедно со медицински тим,  опремени и облечени во скафандери влегле во станот.

Засега нема официјални детали за смртта, но тој посмртно ќе биде испитан дали бил заболен од Ковид-19 и дали тоа е причината за смртта.

Детали за клиничката слика на починатиот 31-годишен пациент

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање даде детали за тоа каква била клиничката слика на 31-годишниот пациент кој изутрината починал како последица на вирусот Ковид-19.

-Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, појасни Филипче.

ФОТО: Од коронавирус почина актерот од популарната серија на „Нетфликс“

Aктерот Марк Блум, познат по своето театарско работење, филмот „Крокодилот Данди“и серијата на „Нетфликс“ серија „Ти“, почина на 69-годишна возраст од компликации од коронавирус. Сопругата на Блум, Џенет Зариш, го потврди ова за „Фокс њуз“.

„Мојот сопруг почина вчера, 25 март, од компликации предизвикани од коронавирус. Тој почина во болницата во Њујорк-Презбитеријан“, напишала таа во имејлот.

Извршната потпретседателка на САГ-АФТРА, Ребека Дејмон, исто така, ја потврдила оваа вест на Твитер, истакнувајќи дека Блум бил во одборот на таа организација.

„Пишувам со толку длабока тага што нашиот пријател и поранешен член на одборот, Марк Блум, почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Марк беше посветен член на Сојузот за филмски актери и член на одборот САГ-АФТРА од 2013 до 2017 година. Тој беше најдобар во спојувањето и застапувањето на членовите. Ние кои имавме доволно среќа да го познаваме, ќе го паметиме како талентиран актер, учител, лојален пријател и прекрасен човек “.

Блум беше ѕвезда на филмовите „Моцарт во џунгла“, „Очајнички барајќи ја Сузан“, „Заблагодари ми подоцна“, „Пресидо“.

Блум го глумеше сопругот на Росана Аркет, покрај поп-кралицата Мадона, во романтичната комедија „Очајнички барајќи ја Сузан“.

Популарно