Директорот на на едниот од хотелите и гостин позитивни на коронавирус

Вработените на два скопски хотели од пред неколку дена се во изолација поради корона вирус, дознава „24 инфо“.

Според извори на порталот, директорот на на едниот од хотелите бил позитивен на корона виус. Директорот бил на патување во странство пред извесно време и од пред една недела имал симптоми. Направен е тест што бил позитивен. Поради тоа, сите вработени се ставени во 14 дневна изолација.

Во вториот случај, гостин се пожалил дека има температура. Направен е тест и тој бил позитивен.

извор: 24info.mk

ВИДЕО: Непослушен граѓанин синоќа играше „жмурка“ со полицијата за време на полициски час

На инстаграм профилот на ,,Navalica” се појави видео кое спорен информациите е снимено во Чаир. На снимката се гледа како лице бега од полицијата бидејќи го има прекршено полицискиот час кој е со времетраење од 21:00-06:00. Вчера беше првиот ден од спроведување на истиот.

ПОГЛЕДНЕТЕ:

Се дезинфицираат и чистат сите детски и спортски игралишта, училишта, цркви, џамии кои се на територија на општина Гази Баба

Општина Гази Баба продолжува со акциите за одржување на хигиената на јавните површини.

Денеска, меѓу останатото, ставивме акцент на спортските зони и верските објекти. Ги дезинфициравме и чистевме сите детски и спортски игралишта,  потоа фитнес зоната во парк шумата Гази Баба како и урбаната опрема на детското игралиште во ООУ “Григор Прличев” и црквите и џамиите кои се на територија на општина Гази Баба.

Сите месни и урбани заедници, пензионерскиот дом во Автокоманда, а започнавме со машинско чистење со мала и голема механизација обезбедена со помош на приватни компании кој  ја ставија на располагање за потребите на општината. Досега опфативме во Железара, Автокоманда и Ќерамидница мали сервисни улици, а од Трубарево до Дрма со голема механизација се чистеа и главните и сервисните улици. 

Извршивме и дезинфекција во просториите на Домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда, библиотеката “Браќа Миладиновци” и објектот на УЗ Автокоманда.

Домот на културата “Димитар Влахов” согласно препораките во овој период е затворен и одложени се сите активности, a eкипи на ЈКП Гази Баба ќе извршат повторно дезинфицирање на објектот пред неговото повторно отворање.

Од општинското јавно комунално претпријатие извршија рачно чистење и на плочникот пред кино Маџари, како и целосна дезинфекција на урбаната опрема на овој јавен простор, а извршија и целосна дезинфекција на Сточниот пазар кој е времено затворен поради состојбата со корона вирусот.

И наредните денови продолжуваме со одржување на чистотата во општина Гази Баба, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и на Владата, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречи ширење на корона вирусот преку јавните површини, стои во соопштението од Општина Гази Баба.

Откако син на пратеничката од СДСМ ја доби за фотографија за седење дома, Град Скопје рeши да ја укине паричната награда

Фотографијата на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолaција сами, со нивните семејства или со милениците.

Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии, соопшти град Скопје.

До тие ли 100 евра ви дојде ли, беа еден од коментарите на социјалните мрежи.

По само три дена од кампањата „Скопје дома“, поради низата лoши коментари, Град Скопје рeши да ја уkине паричната наградата од 100 евра која требаше да ја доделува секој ден за една најкреативна фотографија направена дома.

Градот ја организираше кампањата на социјалните медиуми за поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови. Поради појавените нeгативни коментари и немањето потреба оваа кампања да прeдизвикува koнтроверзии во јавноста, решивме од денеска да ја уkинеме паричната награда на конкурсот“, велат од град Скопје.

Оваа кампања, посочуваат оттаму, било планирано да трае 30 дена и секој ден да се доделува по една награда од 100 евра. Сега кампањата ќе продолжи, и понатаму ќе се избира најкреативна фотографија, но нема да се доделува награда.

Сметаме дека на Скопјани не им е потребен единствено финансиски поттик за да меѓусебно се охрабруваат како креативно да го поминат времето дома, потенцираа од град Скопје.

Популарно