Почина легендарниот Бора Станковиќ!

Легендарниот кошаркар и кошаркарски функционер си замина од овој свет на 94-годишна возраст. Беше роден во Бихаќ, денешна БиХ во 1925 година, како млад се доселил во Нови Сад, а по Втората светска војна и во Белград. Како играч настапувал за Црвена Звезда, Железничар и Партизан во периодот од 1946 до 1953 година, а пред крајот на играчката кариера, паралелно почнал да работи и како тренер на „црно-белите“. Со таа работа се занимаваше до 1970 година, водејќи ги ОКК Београд и Канту.

Сепак, Борислав Станковиќ остана најзапаметен по вршењето на функцијата генерален секретар на ФИБА, во периодот од 1976 до 2003 година. Во овој период кошарката доживеала огромна експанзија и станала еден од најпопуларните спортови во светот. Негова е идејата на Олимписките игри да настапуваат и професионалците од НБА лигата што и се оствари првпат во Барселона 1992 година.

Во неговата ера во кошарката е воведен шутот за три поени, терените добија нови димензии, а пред крајот на неговата функција, натпреварите место во две полувремиња, почнаа да се играат во четири четвртини.

Во 1991 година Станковиќ беше примен во кошаркарската Куќа на славни, во 2000 година во женската кошаркарска куќа на славни, а во 2007 во Куќата на славните на ФИБА.

Кире Лазаров со донација за Здравствениот дом во Свети Николе

Младите во Свети Николе организираат акција за помош на светиниколчани во борбата против корона вирусот. Тие нагласуваат дека најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров донирал средства за набавка на маски со филтри и скафандери за здравствениот дом во неговиот роден град.

Од денес, започна со работа волонтерска група на граѓани од Свети Николе која ќе помага во справувањето со пандемијата на КОВИД 19 вирусот. По иницијатива на Асистентот на ФИНКИ, нашиот сограѓанин Влатко Спасев и во соработка со Извидничкиот одред “Гоце Делчев” и ovcepole.mk ,денес во просториите на одредот беа изработени 50 визири кои ќе бидат донирани во Здравниот дом “Гаврило Гаврилски”. Од денес, се до крајот на пандемијата, оваа група на волонтери ќе изработува визири и набавка на неопходната медицинска опрема.

Го исконтактиравме и нашиот сограѓанин, Капитенот на ракометната репрезентацијата на Република Македонија кој донираше средства за набавка на маски со филтри и скафандери за нашиот здравен дом. Се надеваме на голем одзив и на другите компании и фирми во нашиот град кои ќе помогнат да ја оствариме целта, да ја победиме пандемијата. ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ! – стои во објавата на фејсбук.

Извор: Република.мк

(ФОТО) Академија ФМП со порака до сите вас: "Останете дома"

Цел спортски свет е вклучен во борбата против корона вирусот кој целосно ја парализира оваа гранка од јавниот живот.

Во кампањата се вклучи и македонскиот прволигаш Академија ФМП, односно неговите кошаркари и стручниот штаб кои преку социјалните мрежи, на повеќе јазици, порачаа – СЕДЕТЕ ДОМА!

Хоророт во Италија продолжува: Паоло Малдини и Даниеле Малдини имаат коронавирус

Милано е едно од главните жаришта во Италија кога се говори за коронавирусот, а од таборот на еден од калчолигашите од градот, Милан, соопштија дека клупската легенда Паоло Малдини е позитивен на вирусот.

Техничкиот директор на „росонерите“ бил во контакт со личност која подоцна покажала симптоми на коронавирус. По тој момент, Малдини бил испратен на тестирање, а неговите тестови за Ковид-19 биле позитивни.

Исто така од коронавирус боледува и неговиот син Даниел кој претходно тренираше со првиот тим. Паоло и Даниел минале две недели во домашна самоизолација, а ќе продолжи нивната рехабилитација додека не се утврди дека се комплетно здрави.

Популарно