Таа извршила самоубиство додека ги чекала резултатите од коронавирусот

Во Италија и натаму е катастрофална состојбата околу коронавирусот. Додека државата секој ден ги брои мртвите, а докторите апелираат да се остане дома, стигна уште една страшна вест.

Имено, медицинска сестра (49) кој работела во болницата во градот Језоло извршила самоубиство додека ги чекала резултатите од коронавирусот. Жената морала да остане два дена дома бидејќи имала температура. Таа веднаш направила тест на корона вирусот, но неможел да ги почека резултатите и извршила самоубство.

Нејзиното тело го пронашол во реката еден рибар, а крајбржната стража го извлекла нејзиното тело.

Американците тотално заборавија на тоалетната хартија

Продажбата на марихуана во САД расте бидејќи  луѓето се присилени да останат дома поради ширење на коронавирусот.

Затоа берзата на повеќето големи компании за канабис се зголеми нагло оваа недела по извештаите за голема побарувачка бидејќи потрошувачите се обидуваат да создадат снабдување од страв од затворање на продавници низ САД.

Според извештајот минатата недела, во Калифорнија и во Вашингтон, продажбата на марихуана скокна повеќе од 50 проценти, а се очекува продажбата да се зголеми и во другите држави.

Во Калифорнија и Њујорк продавниците за канабис се затворени, како и сите други продавници кои не се од витално значење.

Производството и продажбата на канабисодбиваат да ги затворат продавниците во држави каде марихуаната е легална.

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија- уапсено едно лице

Наум Колев (47) и неговиот син Доне (23) од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија во местото Соренс, во кантонот Фрибург. Нивните тела вчера биле пронајдени на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, објавија швајцарски медиуми, а веста ја потврдија и жители на селото Мокриево.

Според швајцарскиот интернет портал „20 минути“, „татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вауд, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург“, пишува овој портал.

Семејството Колеви петнаесетина години живееле во Швајцарија и важеле за мирно и работливо семејство. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

Според швајцарски медиуми, за убиството се сомничи триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а полицијата треба да ги утврди точните околности под кои биле убиени таткото и синот.

Рекордно зголемен број на заразени за 24 часа

Русија објави рекордно дневно зголемување на лицата заразени со новиот коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа, во Русија се пријавени нови 196 случаи, соопшти Националниот оперативен штаб за борба против ширењето на вирусот. Вкулниот број заразени во Русија достигна 1.036 во 58 региони.

Во Русија вчера почина едно лице и со тоа вкупниот број на починати лица од коронавирусот достигна до четири.

Седум лица се оздравени и со тоа вкупниот број на оздравени лица од коронавирусот во Русија е 45.

Популарно