Димитров: Ќе покренам постапки за оние што лажат дека сум патувал во март

Лажна вест е дека Министерството за надворешми работи потрошоло околу 24 илјади евра за патувања во странство во март, објави вчера на фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

„Ако веќе не помагате, во време на вонредна состојба, аман не одмагајте, срамота е! Денес наместо целосно да се занимавам со проблеми на граѓани, камионски транспорт, странска помош за кризата, дел од времето морам да го потрошам на зелените (но не во смисла на екологија) тврдења на опозицијата дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 илјади евра (1.457.517 денари) за патувања во странство. Ова е чиста лага!“, напиша Димитров.

Тој тврди дека лично, во март нема ниту едно патување во странство. 

„Последното патување пак на дипломат од МНР во странство е на 3 март. Оттука, МНР меѓу 17 и 20 март за службени патувања има потрошено нула денари“, вели Димитров.

Приказот од трезорот што го злоупотребуваат, пишува, се однесува на претходно реализирани авио карти на дипломати од МНР во износ помал од 1.500 евра и на редовна месечна дознака за патни трошоци на нашите амбасади низ светот, на сите 57 дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во износ од приближно 22.000 евра, односно нешто под 400 евра по ДКП.

Трезорот со самото дозначување на овие средства од МНР до ДКП-та нив ги смета како веќе реализирани трошоци, иако реално истите се реализират сукцесивно, во текот на месецот, од секое ДКП посебно, за извршување на своите редовни задачи.

„Е сега, оти ова е тотално редовна активност, навистина згрозува фактот што се злоупотребува од луѓе кои ја разбираат, кои точно знаат за што се работи и сепак одлучиле да манипулираат и да лажат, во време кога МНР е една од клучните алки во борбата против маката што не' снајде. Овие обиди за саботажа, овие гнасни игри нема да дозволам да фрлат дамка врз работата на Министерството. За оваа пропаганда ќе си покренам соодветни постапки“, пишува Димитров, додавајќи дека „очигледно коронавирусот не е единствениот непријател на македонските граѓани и на државата“.

Во Скопје починаа двајца заболени од коронавирус

Министерото за здравство Венко Филипче рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба. Две лица починаа на Клиниката за инфективни болести, извести министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба.

Засега, рече Филипче има 16 новозаразени, а 257 има вкупно заболени во Македонија. Четириесет и девет лица се на лекување на Инфективната клиника.

– На сите други пациенти ширум државата состојбата е стабилна. Двајца од пацинтите имаа втор негативен тест. Уште 5 лица ќе бидат деновиве наскоро тестирани по втор пат. Значи за 5 до 7 дена може да имаме 7 лица пуштени дома – рече Филипче.

Утре ќе е разрешена директорката на охридската болница

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена.

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена. Починатата беше на 66-годишна возраст од околината на Струга.

Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок. Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Венко Филипче : Двајца починати , едниот на 91 и еден на 31 годишна возраст, 16 новозаболени

Министерот за здравство , Венко Филипче со најнови информации за коронавирусот. Починати две лица, 91 годишен пациент и 31 годишна жена , новозаразени 16, вкупно 257 заболени со коронавирус во Македонија, информира министерот Венко Филипче.

На Инфективната клиника во Скопје примени тројца ново заболени од Скопје и Куманово, на клиниката досега се хоспитализирани 49 , стабилна е состојбата на сите други пациенти во болниците во Македонија .

Двајца имаат втор негативен тест, за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Популарно