Владата донесе уредба: Еве што ќе се случува со кредитите на граѓаните

Владата ја донесе уредбата со која ќе се воведе одложување на исплатата на ратите од кредитите на граѓаните и фирмите, како и други поволности за клиентите на банките и штедилниците додека трае кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Иако во уредбата не се споменува конкретен период, министерката за финансии Нина Ангеловска, на прес-конференција на 22 март, кажа дека ќе има мораториум од три месеци за исплаќање на ратите, а, како што рече тогаш, некои банки се расположени и за повеќе од три месеци.

Промената на условите за исплата на кредитите ќе се изврши без да се посетуваат експозитурите и филијалите, и тоа преку:

-објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или

-одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

„Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена. За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена“, соопштија од Народна банка.

Банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности:

-одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;

-пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;

-пониска каматна стапка и сл.

-Ова важи за сите кредитни производи:

-потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;

-кредитни картички;

-дозволено пречекорување (одобрен минус)

-кредити на фирмите.

Платежна картичка место паричен надоместок ќе добијат и здравствените работници

Платежна картичка за купување на домашни производи ќе добијат и здравствените работници ангажирани за справување со ситуацијата, официјално обелодени министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Иако се најавуваше дека тие ќе добијат паричен надоместок, сепак и за нив ќе биде доделена платежна картичка во износ од 40 отсто од основната нето плата за што ја земале во мај годинава. Ова ќе важи за вработеите во Јавните здравствени установи, Клиниката за инфективни болести, Институтот и Центрите за јавно здравје брзата помош, работниците од другите одленија кои биле ангажирани за справување со ситуацијата.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак за Топ тема пред неколку дена потврди дека списоците за тоа кој ќе добие поддршка ги прават директорите.

За националната платежна картичка што е дел од третиот сет мерки не треба да се аплицира туку со матичен број граѓаните ќе треба да проверат дали им следува картичката. Платежна картичка ќе има и за младите од 16 до 29 години кои се запишани во државните средни училишта и факултети. За платежната картичка е предвидена сума од 25 милиони евра.

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари за летување дома за 130.000 граѓани

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за економија беше усвоена Уредбата со законска сила која предвидува издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба.

Како што информираше министерот, издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во Третиот пакет мерки на Владата за поддршка на економијата, кој беше објавен пред две недели, а главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.

„Имајќи го предвид фактот дека токму туризмот е една од најпогодените гранки од кризата, убедени сме дека домашниот туризам останува најголемата надеж за поддршка на оваа индустрија. Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари“, потенцираше министерот.

Постапката за добивање на ваучер предвидува откако УЈП ќе ги достави податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка потоа на истите преку електронска пошта ќе им биде доставен ваучер со QR KOD во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

„На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхрана, додаде Бектеши и кажа дека во исто време Министерството за економија ќе постави Платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување, каде што граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат која од понудите ќе може да ја искористат односно ќе изберат каде ќе го поминат својот годишен одмор.

„Кога кажувам Категоризирани угостителски објекти мислам на сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување во нашата држава. Ја користам оваа прилика сите објекти кои не се категоризирани истото да го направат заклучно до 20 јуни за да истите можат потоа да аплицираат за користење на мерката и ќе може нивните понуди да ги прикачат на платформата со што граѓаните кои имаат ваучери да можат истите да ги искористат кај нив.

Ангеловска: Протоколите за угостителите ќе претрпат измени

Ќе бидеме флексибилни. Нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ангеловска изјави дека угостителите беа вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

-Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите, рече Ангеловска.

Популарно