После 2 месеци отворена е кинеската провинција Хубеи: Локално ширење на Ковид-19 повеќе нема

Кинеските власти потврдија дека веќе втор ден во низа немаат забележано ниту еден случај на локално пренесување на коронаворусот, а сите нови случаи се однесуваат на лица кои допатувале од странство.

Во текот на вчерашниот ден, кинеските власти ги отворија границите на провинцијата Хубеи која се наоѓаше во тотален карантин од јануари. Токму Хубеи, односно градот Вухан беа главното жариште на Ковид-19, по што вирусот се прошири буквално насекаде низ светот.

Што се однесува до новите случаи, вчера се забележани 67 што е пораст во однос на претходниот ден кога беа регистриран 47. Околу 90% од случаите од странство се кинески државјани, а во најголем дел станува збор за студенти кои се враќаат од странство.

Главниот предизвик за кинеските власти сега е да спречат овие нови случаи од странство, да не ја прошират заразата во државата. Поради тоа, властите од Пекинг спроведуваат строги мерки – секое лице кое доаѓа надвор од Кина мора да биде сместено во централизиран карантин.

Секако, најголем успех е елиминацијата на вирусот во оваа провинција. Станува збор за територија со околу 60 милиони жители (од прилика колку и популацијата на Италија). Јавниот транспрот повторно е пуштен во употреба, луѓето започнаа да излегуваат на улиците, а многумина од нив и натаму поради претпазливост носат маски.

Градот Вухан во истата провинција кој беше епицентарот на вирусот ќе остане во карантин уште околу две седмици – планот на кинеските власти е мерките во градот да започнат постепено да се укинуваат од 8-ми април.

Американците тотално заборавија на тоалетната хартија

Продажбата на марихуана во САД расте бидејќи  луѓето се присилени да останат дома поради ширење на коронавирусот.

Затоа берзата на повеќето големи компании за канабис се зголеми нагло оваа недела по извештаите за голема побарувачка бидејќи потрошувачите се обидуваат да создадат снабдување од страв од затворање на продавници низ САД.

Според извештајот минатата недела, во Калифорнија и во Вашингтон, продажбата на марихуана скокна повеќе од 50 проценти, а се очекува продажбата да се зголеми и во другите држави.

Во Калифорнија и Њујорк продавниците за канабис се затворени, како и сите други продавници кои не се од витално значење.

Производството и продажбата на канабисодбиваат да ги затворат продавниците во држави каде марихуаната е легална.

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија- уапсено едно лице

Наум Колев (47) и неговиот син Доне (23) од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија во местото Соренс, во кантонот Фрибург. Нивните тела вчера биле пронајдени на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, објавија швајцарски медиуми, а веста ја потврдија и жители на селото Мокриево.

Според швајцарскиот интернет портал „20 минути“, „татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вауд, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург“, пишува овој портал.

Семејството Колеви петнаесетина години живееле во Швајцарија и важеле за мирно и работливо семејство. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

Според швајцарски медиуми, за убиството се сомничи триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а полицијата треба да ги утврди точните околности под кои биле убиени таткото и синот.

Рекордно зголемен број на заразени за 24 часа

Русија објави рекордно дневно зголемување на лицата заразени со новиот коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа, во Русија се пријавени нови 196 случаи, соопшти Националниот оперативен штаб за борба против ширењето на вирусот. Вкулниот број заразени во Русија достигна 1.036 во 58 региони.

Во Русија вчера почина едно лице и со тоа вкупниот број на починати лица од коронавирусот достигна до четири.

Седум лица се оздравени и со тоа вкупниот број на оздравени лица од коронавирусот во Русија е 45.

Популарно