Пијана битолчанка на улица го преспала полицискиот час

Битолското основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против две лица кои во овој град не го почитувале полицискиот час, односно забраната за движење од 21.00 до 05.00 часот наутро како мерка против ширењето на коронавирусот.

Една од казнетите е битолчанка на возраст од 33 години, која на 26 март во 00.30 часот била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на улицата Прилепска.

Во вториот случај станува збор за 18-годишен тинејџер од Битола, кој исто така на 26 март, во 01.25 часот со автомобил „рено 19“ без регистарски таблички се движел по улицата 8-ми Септември.

Тие се товарат дека сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство во Битола му предлага на судот да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

177 позитивни на КОВИД-19, 105 во Скопје

Денеска нов рекорд на новозаразени со Ковид 19. 177 позитивни од кои дури 105 се во главниот град, дознава Сител. Според информациите овие бројки се од околу 1600 тестирања. Освен во главниот град, другите новодијагностицирани се во кумановскиот и тетовскиот регион.

Ова е најголема бројка досега од појавата на корона кризата во земјата. Вчера имаше 119 случаи, и според здравствените власдти најголем број од случаите се поради семејни собири каде не носеле маски и не одржувале дистанца. Според епидемиолозите добро е што најголем број од потврдените случаи овие денови немаат потреба од болнички третман.

Сопругата на Битиќи: За вас неуките кои велат дека Ковид-19 не постои!

Советникот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи е негативен на Ковид-19. Ова го потврди неговата сопруга на Фејсбук.

Таа во емотивен пост сподели низ што се поминало семејството во последнава недела.

– За вас неуките кои велат дека Ковид-19 не постои. Тестот на мојот сопруг излезе негативен, но јас сакам да го опишам стресот кој јас и моите деца го доживеавме изминатава недела. Тие знаат дека вирусот е многу опасен и смртоносен, не можете ниту да ја замислите грижата, стравот, вознемиреноста и стресот на едно дете и на целото семејство. Затоа не се правете повеќе експерти од оние кои имаат прочитано повеќе книги од вас. Без да знаеме дали сме заразени, ние цела недела живеевме во грижа и вознемиреност, а замислете како им е на оние кои се борат со вирусот. Молете се за оние кои го имаат вирусот, за брзо оздравување и да го надминат што е можно побрзо, пишува Мирлинда Битиќи на својот Фејсбук профил.

Даниловски: Голем хазард се избори во услови на троцифрени показатели за новозаразените

Доколку вака продолжи бројката на новозаболени, не би требало да има избори, ниту масовни настаним, катергоричен е еден од водечките епидемиолози во земјата, Драган Даниловски, кој во четвртокот попладнето имаше видео-гостивање во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизијата.

„Ако бројот биде вака со троцифрени цифри мислам блиску до памет е дека би било хазадерски ептен, рискантно. Меѓутоа секако дека ова не важи само за избори ако прашувате, важи и за било кој масовен настан“, нагласи Даниловски.

Додаде дека додека не се обезбедат одредени критериуми, масовни настани, како и избори не треба да има.

Претходно Даниловски посочи дека во оптек се неколку теории за тоа како ќе се одвива вториот бран на Covid–19, но истакна дека тој повеќе верува оти иќе се случи опцијата според којашто генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни кн . џебови или ќе има мали мини епидемиски случувања коишто „лесно како мали жарчиња“ ќе се лоцираат.

„Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски.

Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна, дека што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории.

„Има некои коишто застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“, рече епидемиологот.

Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.

Популарно