Овој предмет лесно пренесува коронавирус - погледнете за кој предмете станува збор

Во броба против пандемијата коронавирусот принудени сме времето да го поминува во домашна изолација, а домот го напуштаме тогаш кога е тоа неопходно. Со движењето ризикуаме да се заразиме со Ковид-19 затоа што тој може да се пренесе и преку воздухот, доколку заразена личност кива или кашла или допираме контаминирани предмети.

Со оглед на тоа дека една студија докажала дека новиот коронавирус преживува и на цврсти површини, експертите напоменуваат дека би требало да обрнеме внимание на својата облека која ја носиме.

Имено, многу лесно може да се инфицираме со Кивид-19 преку нашите чевли кои се носат на прометни места, како што се канцеларии, јавен превоз и трговски центри. А, еднаш кога вриусот ќе се најде на синтетичка ткаенина, може да остане таму со денови.

Докторката Мери Е. Шмидт рекла дека коронавирусот може да остане на чевлите „пет дена или повеќе“. Поради тоа, паметно би било да ги оставате пред врата за да спречите вирусот да се вовлече во вашиот дом. Експерт за јавно здравје, Карол Винер, која работи во Канзас Сити, препорачува тоа да се прави секој ден.

-Целта е да не го прошириме по целиот дом. Втората опција е својата облека да ја напрскате со некое дезинфекционо средство или да ја исчистите со сапун и вода - објаснува Карол.

Кога влегувате дома, исто така неопходно е да ги измиете рацете. Здравствените работници препорачуваат рацете да ги миете најмалку 20 секунди секогаш. Секогаш проверете дали ракавиците ви се чисти пред да  го допрете лицето.

Раскошно јадење со лосос

Направете лосос со крцкава кора од рерна.

СОСТОЈКИ:

600 гр. лосос

40 мл. маслиново масло

30 мл. сок од лимон

15 гр. мед

2 чешни лук

20 гр. сенф

25 гр. бадеми лупени

2 струка магдонос

50 гр. леб бајат

1 лажиче сол

ПОДОТОВКА:

Се чистат филетите лосос и се става сол.

Се толчи лукот, се меша со масло и со сенф и мед, се ддава сок од лимон и малку сол.

Се меша додека не обели смесата и се премачкува рибата од сите страни.

Се мелат во блендер бадемите со леб и со магдонос.

Се става смесата врз лососот и се пече на плех со хартија на 200 степени 25 минути, додека не добијат златна боја.

Се сервира раскошното јадење со лосос со бело вино.

Подгответе плескавици од тиквици

Време е за лесни оброци…

СОСТОЈКИ:

4 изрендани тиквици

2 јајца

5-7 лажици пченично брашно

5 лажици пченкарно брашно

2 лажици гриз

бибер

лук во гранули

сув зачин

свеж магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквиците исцедете ги од вода, додајте јајца, зачинете, додајте брашно и гриз. Убаво измешајте, да се соедини. Вадете плескавици со лажица. Пржете во врело масло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Извор: Готви.мк

Летна мусака: Здрав оброк за целото семејство

Ако сте на диета, оваа мусака е вистински избор за вкусен ручек…

СОСТОЈКИ:

600 гр млади компири

4-5 зелени пиперки

1 праз

1 морков

50 гр ориз

зачинска пипер

1 поголем домат

малку зачини

сол

лук во гранули

масло

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Извор: Готви.мк

Популарно