Косовската Влада финансиски ќе ги помогне фирмите кои трпат штети од епидемијата

Вршителот на должноста министер за финансии на Косово Бесник Бислими ѝ предложи на владата пакет итни фискални мерки, за поддршка на претпријатијата кои трпат штети од епидемијата на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бислими на денешната прес-конференција најави дека ќе се покријат трошоците на оштетените фирми за плати на вработените, во износ на минималната плата од 170 евра во наредните два месеци и за оваа намена Владата ќе издвои 41 милион евра.

Во истиот период, корисниците на пензии пониски од 100 евра, а кои немаат други приходи, ќе бидат помогнати со по дополнителни 30 евра, а на малите и средните претпријатија ќе им бидат покриени 50 отсто од надоместот за изнајмени деловни простории, информира министерот за финансии.

Тој изјави дека преземените мерки за заштита од коронавирусот предизвикале застој во производството и дека има пад на економската активност во три категории – кај граѓаните, бизнис-заедницата и буџетот на државата.

– Капацитетот е многу ограничен и задолженоста е многу висока поради исплатите. Мерките на Влдата и во економските активности се одразија по автоматизам и на царинските и даночните приходи во висина од 7,5 до 12,5 отсто. Можно е да имаме 200 милиони евра помалку доходи, изјави Бислими, порачувајќи дека целта на мерките не е целосна компензација на штетите, туку нивно минимизирање.

Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите ако се разболат од вирусот

Грција ќе им плаќа сместување на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирус во текот на престојот во оваа земја, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

Ќе бидат сместени во хотел, на државен трошок. Ова сме го правеле во минатото и ќе продолжиме и понатаму – додаде тој пред новинарите.

Пецас објасни дека Грција ќе им плаќа сместување и на оние кои пристигнале во таа земја и мораат да останат во карантин, откако се затворени границите.

Илјадници луѓе минаа низ процесот на карантин -, нагласи тој и потсети дека тестови на COVID-19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат една ноќ во хотел додека не стигнат резултатите од тестирањето.

Во зависност од резултатите туристите може да останат во седумдневен карантин или под строг надзор 14 дена, ако се позитивни.

Ќе продолжиме со таа пракса, но со една разлика. Очекуваме да има помал број случаи, се надеваме дека нема ни да ги има бидејќи епидемиолошките циклуси се движат надоле. Нашата цел е да обезбедиме максимална безбедност за локалните жители и за туристите – вели тој.

Пецас не појасни дали Грција, покрај сместувањето, ќе плаќа храна и лекови за туристите позитивни на COVID-19.

До 15 јуни во Грција задолжителен седумдневен карантин

Од 1 до 15 јуни за сите патници, кои влегуваат во Грција без тест за Ковид-19, ќе биде задолжителен седумдневен карантин. Ваква наредба добиле сите гранични премини во државата.

Грчката влада ги отвори границите од синоќа на полноќ и до 9.30 часот утринава граничните служби ги пуштале патниците слободно да влегуваат, без обврска за задолжителен карантин. Но, утринава уследило дополнително објаснување и протокол.

Официјалната туристичка сезона Грција ќе ја започне на 15 јуни, а од денеска се отворени сезонските хотели.

(Фото) Тито беше заљубен до уши во оваа народна пејачка!

Уснија Реџепова беше вистинска легенда на народната музика и една од најголемите ѕвезди, но почина од рак, а колегите ја заборавија. Сите ја паметиме по песните кои носеа ритам на југот, а ниту една прослава на постарите генерации не можеше да се замисли без неа.

Почнала да се занимава со музика во 60-те години на минатиот век, а нејзината кариера со ист жар траеше до почетокот на 90-те години.

Популарноста и ја донесе улогата на Коштана во претставата на Раша Плаовиќ, која беше направена по делото на Борислав Станковиќ.

И самиот Јосип Броз Тито, југословенскиот претседател бил воодушевен од Реџепова. Таа го запозна. Таа го запозна кога била повикана да ги забавува ловците на неговиот имот. По  настапот се запознала со претседателот, а го воодушевила и тогашниот мексикански амбасадор.

Популарно