Лидерот на групата “Молика“ осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци

Музичарот и лидер на групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години.

Мицевски беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација.

Извор: Вистина.мк

ВРАБОТЕНИ ОД ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Шест медицински лица, од кои четири сестри и двајца болничари од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се позитивни на КОВИД-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Христијан Костов, директор на болницата.

Едната сестра била ангажирана во КОВИД центарот кај најтешките пациенти, а останатите медицински лица се од другите одделенија каде се третираат суспектни случаи. Директорот вели дека болницата одредена од Министерството за здравство привремено да биде специјализирана КОВИД болница, практично целосно функционира како инфективна здравствена установа и тријажен центар за КОВИД за целата држава.

„Три месеци немавме ниту еден позитивен случај, но ете, се појави и кај нас. Верувам дека е донесен од надвор, знаете, имаме две банки во рамки на болницата, потоа семејни вечери, прослави и слично“, вели директорот.

Шесте медицински лица имаат благи симптоми, кашлица и температура, а поради контактите на работа, во изолација се десет нивни колеги – сите медицински лица. Тестовите за коронавирус на десете изолирани се негативни, но не можат да доаѓаат на работа уште 9-10 денови, со оглед на тоа дека од пред 5-6 дена се во изолација.

Во болницата „8 Септември“ во моментов има 8 заболени на механичка вентилација, 3 на сипап маска и 10 на кислородна поддршка кои дишат сами. Костов вели дека вчера примиле дваајца заболени, но најголем наплив бил во вторникот кога биле хоспитализирани 15-мина со КОВИД-19.

Извор:https://sdk.mk/

ПОТВРДЕНО: 180 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС изминатите 24 часа

Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 180 позитивни случаи.

Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани во Скопје – 105 лица.

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи.

Извор: vesnik.cом

177 позитивни на КОВИД-19, 105 во Скопје

Денеска нов рекорд на новозаразени со Ковид 19. 177 позитивни од кои дури 105 се во главниот град, дознава Сител. Според информациите овие бројки се од околу 1600 тестирања. Освен во главниот град, другите новодијагностицирани се во кумановскиот и тетовскиот регион.

Ова е најголема бројка досега од појавата на корона кризата во земјата. Вчера имаше 119 случаи, и според здравствените власдти најголем број од случаите се поради семејни собири каде не носеле маски и не одржувале дистанца. Според епидемиолозите добро е што најголем број од потврдените случаи овие денови немаат потреба од болнички третман.

Популарно