Спасовски: Три оброка, сместување и вода имаат сите што се во државен карантин

Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн, важно е дека мора да останат и да се изолираат 14 дена и на тој начин да го намалиме ризикот од ширење на кронавирусот. Во овој момент нема поважна работа од тоа дека треба да ги заштитиме нашите семејства и нашите граѓани, не може да биде поважно какви се собите и какви се условите во кои се спроведува државниот карантин иако секаде има добри усови, со добра храна и со добра организација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Најважно е секој од нас да помисли што треба да направи најмалку за себе и за државата во овие моменти на вонредна состојба. Овие луѓе се дојдени од критичните подрачја, но не се луѓе кои се заболени, туку треба да бидат контролирани во самоизолација со цел да спречиме евентуално понатамошно ширење на вирусот. Треба да го имаат истото разбирање кога се наоѓаат во државен карантин како што беа во моментите кога сакаа или бараа од Владата да се вратат назад во нашата земја. Направивме се и понатаму ќе правиме се за сите наши граѓани, но најмалку што треба да прават тие е да бидат коректни и да бидат на ниво на одговорноста во оваа ситуација. Сега е вонредна состојба и сите имаме одговорност пред нас, пред граѓаните и државата, рече Спасовски во одговор напрашање на денешната прес-конференција. Тој ги повика лицата кои се во државен карантин да не шират дезинформации.

– Основниот пакет во државниот карантин како сместувањето, трите оброка и водата го имаат сите кои се наоѓаат во државен карантин. Ако некој сака дополнителни услуги во хотелот да земе плус од она што е определено од државата тоа е нешто што се наплаќа. Мислам дека тука настануваат најголемите забуни, потенцира Спасовски. Премиерот посочи дека секаде се обезбедува лекарска контрола и грижа врз основа на проценките кои ги прават лекарите и врз онсова на состојбата која ја имаме на терен.

– Колку повеќе недисцилина во спроведувањето на мерките, толку повеќе новозаболени и толку повеќе се отвораат услови за уште порестриктивни мерки. Затоа е многу важно сите во државата да помогнеме што е можно пократко да трае кризата и да имаме што е можно помал удар врз економијата. Сите да направиме се за да си помогнеме себе си и да и помогнеме на економијата. Владата ќе направи се како што прави и досега за да се заштитиме како граѓани и да и помогнеме на економијата, нагласи премиерот.

Спасовски прецизира дека досега има десетина лица кои не ја почитуваа мерката за самоизолација заради што беа  сместени во државен карантин. 

177 позитивни на КОВИД-19, 105 во Скопје

Денеска нов рекорд на новозаразени со Ковид 19. 177 позитивни од кои дури 105 се во главниот град, дознава Сител. Според информациите овие бројки се од околу 1600 тестирања. Освен во главниот град, другите новодијагностицирани се во кумановскиот и тетовскиот регион.

Ова е најголема бројка досега од појавата на корона кризата во земјата. Вчера имаше 119 случаи, и според здравствените власдти најголем број од случаите се поради семејни собири каде не носеле маски и не одржувале дистанца. Според епидемиолозите добро е што најголем број од потврдените случаи овие денови немаат потреба од болнички третман.

Сопругата на Битиќи: За вас неуките кои велат дека Ковид-19 не постои!

Советникот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи е негативен на Ковид-19. Ова го потврди неговата сопруга на Фејсбук.

Таа во емотивен пост сподели низ што се поминало семејството во последнава недела.

– За вас неуките кои велат дека Ковид-19 не постои. Тестот на мојот сопруг излезе негативен, но јас сакам да го опишам стресот кој јас и моите деца го доживеавме изминатава недела. Тие знаат дека вирусот е многу опасен и смртоносен, не можете ниту да ја замислите грижата, стравот, вознемиреноста и стресот на едно дете и на целото семејство. Затоа не се правете повеќе експерти од оние кои имаат прочитано повеќе книги од вас. Без да знаеме дали сме заразени, ние цела недела живеевме во грижа и вознемиреност, а замислете како им е на оние кои се борат со вирусот. Молете се за оние кои го имаат вирусот, за брзо оздравување и да го надминат што е можно побрзо, пишува Мирлинда Битиќи на својот Фејсбук профил.

Даниловски: Голем хазард се избори во услови на троцифрени показатели за новозаразените

Доколку вака продолжи бројката на новозаболени, не би требало да има избори, ниту масовни настаним, катергоричен е еден од водечките епидемиолози во земјата, Драган Даниловски, кој во четвртокот попладнето имаше видео-гостивање во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизијата.

„Ако бројот биде вака со троцифрени цифри мислам блиску до памет е дека би било хазадерски ептен, рискантно. Меѓутоа секако дека ова не важи само за избори ако прашувате, важи и за било кој масовен настан“, нагласи Даниловски.

Додаде дека додека не се обезбедат одредени критериуми, масовни настани, како и избори не треба да има.

Претходно Даниловски посочи дека во оптек се неколку теории за тоа како ќе се одвива вториот бран на Covid–19, но истакна дека тој повеќе верува оти иќе се случи опцијата според којашто генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни кн . џебови или ќе има мали мини епидемиски случувања коишто „лесно како мали жарчиња“ ќе се лоцираат.

„Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски.

Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна, дека што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории.

„Има некои коишто застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“, рече епидемиологот.

Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.

Популарно