(ВИДЕО) Карди Би: „На познатите им се плаќа да зборуваат дека имаат коронавирус“

Познатата американска раперка Карди Би вели дека на познатите лица им се плаќа да зборуваат по социјалните мрежи дека се заразени со опасниот вирус, коронавирус. Ваквите теории на заговор ги почна токму таа, откако објави видео во кое со пријателите го сподели своето мислење.

„Замислете јас да имам коронавирус. Како би знаела дека сум заразена? Велат дека сувата кашлица е симптом, па ако некој се закашла, ќе помислам дека е заразен. Сепак, многу кошаркари велат дека се позитивни на коронавирусот, иако немале никакви симптоми. Како тие знаеле дека треба да се тестираат? Мислам дека на познатите лица им се плаќа за да лажат. Сакам и јас некој да ми плати и на мене“, вели во видеото Карди.

На ваквите теории на заговор се огласи и познатиот британски глумец Идрис Елба, кој неодамна преку социјалните мрежи објави дека е заразен со коронавирус. Сега преку видео ги негираше теориите на заговор кој почнаа да ги шири Карди, за тоа дека му било платено за да лаже дека е заразен од коронавирус.

„Идејата на некој како мене му биде платено да лаже дека е заразен од коронавирус е апсурдна. Тоа е толкава глупост и лага, а луѓето ја пренесуваат како да е вистинита. Не ја гледам тука логиката“, изјавил Елба, кој остана во изолација заедно со неговата сопруга Сабрина, која додаде дека се чувствува како да е заробена.

Сабрина одби да се изолира и остана со својот сопруг. Потоа откри дека и таа е позитивна на вирусот. Самиот Идрис во видеото објасни дека и тој бил зачуден кога дознал дека има коронавирус, затоа што немал никакви симптоми.

„Интересна, но и загрижувачка е идејата дека луѓето можеби се заразени од коронавирус, но не ги чувствуваат симптомите“, изјави Елба.

Претходно тој и неговата сопруга се обратија преку социјалните мрежи и кажааа дека веднаш се повлекле во самоизолација кога дознал дека е заболен од коронавирус. Сега вели дека се чувствува добро, дека се дистанцира од луѓето и често мие раце. Тој порача луѓето да бидат внимателни и да останат дома.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

TSR STAFF: Christina C! @cdelafresh ___ There are a lot of theories about the coronavirus circulating on the Internet and social media right now but #IdrisElba had to hop on IG Live to address one that he felt was directed at him. ___ Following he and his wife Sabrina Elba’s positive diagnoses for the coronavirus, Idris decided to fire back at claims that celebrities are being paid to lie about having the virus. ___ “This idea that someone like myself is gonna be paid to say ‘I’ve got coronavirus,’ that’s like absolute bulls**t,” Idris said. “Such stupidness and people wanna spread that as if it’s like news. That’s stupid...That’s the quickest way to get people sick.” ___ Idris also took the time to address what he called “test shaming,” saying he believed that all people should-click the link in our bio to read more.

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom) on

Била и со мажи и со жени, а конечно проговори за..

Манекенката Кара Делевињ за првпат отворено проговори за својата сексуалност и призна дека се декларира како пансексуална личност, што подразбира сексуална, емоцинална и духовно привлечност кој луѓе без обѕир на нивиот пол или роден индентитет.

-Мислам дека секогаш ќе останам пансексуалка. Не ми е важно дали сум вљубена во некој/а. Јас се вљубувам во личност и тоа е тоа, рели таа за Вараети.

Причината поради која проговорила на оваа тема сега е тоа што пораснала во конзервативна англиска фамилија.

-Често говорев дека хомосексуалноста ми е одвратна. Мислам дека беше единствено поради тоа што не сакав да признам која сум. Не сакав да ги вознемирувам моите родители, истакна таа.

„Форбс“ објави дека Кајли ткаела „мрежа на лаги“

Кајли Џенер (22) би можела да се соочи со затвор, откако била објавена статија на официјалната веб-страница на „Форбс“, во која се тврди дека влијателната убавица повеќе не е милијардер, и дека таа ткаела „мрежа на лаги“, пренесува „Дејли Меил“.

„Таа ткаеше мрежа на лаги во врска со податоците на компанијата, ја надувала големината на бизнисот и успехот и не била праведна ни во плаќањето данок“, се наведува во текстот објавен од Форбс вчера.

„Таа лажела за податоците на компанијата и фалсификуваните даночни пријави“, рече Форбс, додавајќи дека таа го сторила сето тоа за да „стигне до статусот на милијардер“.

„Дејли мејл“ сега ги пренесува изјавите на добро познатиот адвокат Јан Ханџлик, кој вели дека тврдењата на „Форбс“ би можеле да ја стават „кралицата на кармин“ во сериозна правна неволја.

Да потсетиме дека Кајли се огласи на Твитер по текстот на Форбс, шокирана од текстот.

„Со што се будам … мислев дека ова е угледен веб-сајт … Сè што гледам, се бројни неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не сум барала некаква титула, ниту се обидов да лажам. Точка“, напишала Кајли, а потоа се вратила на текстот

„Дури и создавање даночни пријави што веројатно се фалсификувани, дали е тоа доказот? Значи само мислите дека се лажни? Како што всушност читам“, напишала Кајли и додала:

„Но, во ред. Благословена сум, имам убава ќерка и успешен бизнис и одлично напредувам. Во моментов можам да направам список на 100 работи што се поважни од тоа да утврдам колку пари имам“,изјавила Кајли и додала дека таа воопшто не се грижи.

Популарно