Убава вест за љубителите на домашните миленици

Пред неколку дена Владата донесе уште една мерка која го ограничува движењето на сите граѓани во земјава за време на викендите со цел спречување на ширење на корона вирус. Меѓутоа ова мерка создаде „проблеми“ кај сопствениците на домашните миленичиња.

Здруженија и сопственици на домашни миленичиња доставија барања до Владата за да се направат отстапки во полицискиот час за време на викендите, кој започнува од 16 часот.

Владата  ја измени уредбата за ограничување на движењето за време додека трае епидемијата на корона вирусот, со што им овозможи на љубителите на домашните миленици тие да можат да ги изнесат надвор со цел да ги извршат физиолошките потреби додека трае полицискиот час.

За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, гласи одлуката на Владата.

Тоа значи дека во сабота и недела за љубитрелите на миленици останува да важи ограничувањето на движење од 16.00 до 20.00 часот и од 20.30 до 05.00 часот утредента.

Во моментов Владата на седницата размислува за уште еден сет на мерки за ограничување, а за утре се најавени економските мерки.

Во нашата земја ситуацијата и натаму е премногу сериозна

Во нашата земја ситуацијата со корона вирусот и натаму за некои луѓе изгледа како шега, иако министерот Венко Филипче потврди дека во последните 24 часа има 180 позитивни од корона вирусот, што е рекорд во нашата држава.

Скопје 109 – Куманово 26 – Дебар 1 – Штип 15 – Тетово 12 – Струга 1 – Велес 1 – Битола 1 – Охрид 1 – Гостивар 8 – Гевгелија 2 – Валандово 1 – Свети Николе 1 – Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти: Скопје 6 – Прилеп 1 – Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.

Оваа ситуација со Фејсбук статус ја објасни и Адурим Фазлиу, кој ви го пренесуваме без корекција:

Цели три месеци сум се воздржал од пишување на темата COVID-19, a инаку тие што ме познаваат знаат дека важам за јавен критичар во позитивна смисла на зборот.

Решив да го напишам оваа, видно потресен од вчерашната слика сликана од возачот на нашата екипа, додека јас и сестрата предававме COVID-19 суспектен пациент во ГОБ “8-ми Септември” во 18:30 часот.

Верувале или не 5 амбулантни возила само од ИМП Скопје за помалку од 15 минути носевме 5 СOVID-19 позитивни или суспектни пациенти со температура, треска, отежнато дишење, гушење.

За облекувањето скафандери, маски, 2 пара ракавици, визири мислам дека доволно видовте од репортажата на новинарот Фуркан Салиу и преку сликите на новинарката Арбнора Мемети кои јавно ги замолувам да снимаат исти такви прилози и во ИМП СКОПЈЕ првата борбена линија со COVID-19.

Ние сме мостот кој ги поврзува COVID-19 позитивните пациенти со болниците пружејќи им нега за основно одржување во живот на заболените, а воедно водејќи сметка за нашето здравје и здравјето на нашите сакани.

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ, ОД НАС ЗАВИСИ!

ВРАБОТЕНИ ОД ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Шест медицински лица, од кои четири сестри и двајца болничари од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се позитивни на КОВИД-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Христијан Костов, директор на болницата.

Едната сестра била ангажирана во КОВИД центарот кај најтешките пациенти, а останатите медицински лица се од другите одделенија каде се третираат суспектни случаи. Директорот вели дека болницата одредена од Министерството за здравство привремено да биде специјализирана КОВИД болница, практично целосно функционира како инфективна здравствена установа и тријажен центар за КОВИД за целата држава.

„Три месеци немавме ниту еден позитивен случај, но ете, се појави и кај нас. Верувам дека е донесен од надвор, знаете, имаме две банки во рамки на болницата, потоа семејни вечери, прослави и слично“, вели директорот.

Шесте медицински лица имаат благи симптоми, кашлица и температура, а поради контактите на работа, во изолација се десет нивни колеги – сите медицински лица. Тестовите за коронавирус на десете изолирани се негативни, но не можат да доаѓаат на работа уште 9-10 денови, со оглед на тоа дека од пред 5-6 дена се во изолација.

Во болницата „8 Септември“ во моментов има 8 заболени на механичка вентилација, 3 на сипап маска и 10 на кислородна поддршка кои дишат сами. Костов вели дека вчера примиле дваајца заболени, но најголем наплив бил во вторникот кога биле хоспитализирани 15-мина со КОВИД-19.

Извор:https://sdk.mk/

ПОТВРДЕНО: 180 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС изминатите 24 часа

Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 180 позитивни случаи.

Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани во Скопје – 105 лица.

Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2.787 заболени лица од Ковид-19, во моментов се активни 1.009 случаи.

Извор: vesnik.cом

Популарно