ФОТО: Најдено е девојче кај Бит пазар

Ова девојче е пронајдено кај пешачкиот мост до Бит Пазар. Во моментов е згрижено во полициската станица Бит Пазар споделете да го препознаат родителите, стои во ФБ статусот на извесен Џем Лама.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти.

- Скопје 3

- Тетово 11

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 9

- Штип 5

- Струга 1

- Гостивар 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Укинување на полицискиот час и отворање на границите

По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила да и препорача на владата дека веќе нема потреба од рестриктивни мерки.

На утринскиот состанок членовите на Комисијата одлучиле да дадат препорака за укинување на полцисискиот час, меѓутоа дали тоа ќе биде од утре или од четврток останува да одлучи владата на попладневната седница. 

Од Комисијата предлагаат и отворање на границите од 1 јуни, а не од 15 јуни како што беше нивната прва препорака. Тоа значи дека до 1 јуни ќе важи државниот карантин за сите оние наши граѓани кои доаѓаат од други земји. 

Отворање на угостителскиоте објекти со работно време до 21 или 22 часот е последната препорака од Комисијата за заразни болести но тоа ќе зависи од попладневната седница на владата дали тоа ќе биде од утре или од четврток.

Прв заболен со Ковид -19 во „ЈП Водовод и канализација“, четворица во самоизолација

Еден заболен со ковид 19 има во ЈП Водовод и каналзицаија, а четворица се во самоизолација, оваа инфорамција за Република ја потрврди и директорот на претпријатието.

Лицето кое е заразено со ковид 19, албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил. Тој на работното место постојано носи заштитна опрема, но по консултација со епидемиолози во самоизолација се ставени уште четворица вработени од нашето претпријатие кои била во контакт со него, изјави Васковски.

Директорот истакна дека чуварот за среќа не бил во контакт со многу луѓе и дека неговото работно место е надвор од зградата. Потенцира дека досега претпријатието ги следи сите препораки за заштита.

ЈП Водовод и канализација врши четири пати дневно дезинфекција во просториите на претпријатието и ги следи сите препораки за заштита на врабоетните, изјави за „Република“ директорот Душко Весковски.

Популарно