Ќе има истрага за пандемијата со коронавирусот

Ќе има истрага за пандемијата со Ковид - 19. 

Членките на Светската здравствена организација, донесоа резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус.

Текстот е усвоен со консензус и предвидува што побрзо започнување на непристрасни, независни и целосни проценки на меѓународната акција преземена поради пандемијата. 

Ова е со цел подобрување на светските капацитети за превенција, подготовка и одговор на пандемијата.

Со таа проценка, чии детали се и натаму нејасни, би требало подобро да се проучат мерките кои ги презеде СЗО поради пандемијата на Ковид - 19 и нивната хронологија.

СЗО и генералниот директор Тедрос Ахан Гебрејесус се под постојан притисок на САД, кои ги обвинуваат за пристрасност во водењето на епидемијата. 

Членките се 194, а меѓу нив се САД и Кина. 

Повеќе од 318.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

САД неколку пати ја обвинија Кина дека е виновна за пандемијата, но тврдеа и дека вирусот излегол од лабораторија. 

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини

Медицинската сестра Надежда Жукова, која е фотографирана во ковид болницата во Тула, само во бикини под заштитното одело, против која е започната дисциплинска постапка, доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се фотографираа во долен веш, исто како неа.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини, така што облекоа заштитно одело какво што носат здравствените работници, се фотографираа и сликите ги проследија на социјалните мрежи.

Тие велат дека сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и да испробаат како е да се работи во заштитно одело.

Кога нејзината фотографија се појави во јавноста, против неа беше започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, бидејќи доби огромна поддршка.

AВИОН БЕШЕ ПРИНУДЕН ДА СЛЕТА НА АВТОПАТ

Главниот пат на американската сојузна држава Мисури беше затворен затоа што авион слета на него поради проблеми со моторите.

Неколку патници од авионот биле преплашени поради ваквото слетување, но имале среќа што успеале да преживеат. Сето тоа благодарејки на вештината на пилотот.

Погледнете го видеото во продолжение.

извор: popara.mk

(Видео) Џузепе Конте почна да кашла во парламент, пратениците само што не „избегаа“

Премиерот на Италија, Џузепе Конте поради кашлица мораше да го скрати говорот во парламентот, а негодувањето на пратениците поради ова случување ја смируваше претседателката на парламентот.

Конте во текот на говорот пред Сенатот неколку пати почна да кашла, поради што непланирано мораше да го скрати својот говор. Кога првпат почна да кашла, сенаторите од опозициските партии бурно реагираа и му дофрлаа да стави заштитна маска.

Нередот мораше да го прекине претседателката на Сенатот, Елизабета Каселати, која ги повика сенаторите да се смират.

Конте се напи вода и продолжи да ги чита точките, но набрзо повторно се закашла, овој пат со обид со лакт на уста да ги заштити сите во просторијата, а дел од коментарите на социјалните мрежи се дека пратниците за малку ќе го напуштеле парламентот поради тоа.

Популарно