Коронавирусот е измама, а доказ за тоа е банкнотата од 10 австралиски долари, тврди една група Австралијци

Една група Австралијци смета дека станува збор за измама, и покрај тоа што коронавирусот однесе повеќе од 320.000 животи низ целиот свет досега. Тие тврдат дека доказот дека станува збор за заговор може да се најде на банкнотата од 10 долари.

Имено, овие теоретичари на заговор веруваат дека пандемијата на коронавирус е оркестрирана со цел да се вакцинираат граѓаните. Тие тврдат дека тајното општество на милијардери се обидуваат да воспостават доминација над планетата и тие планираат да го постигнат тоа преку контрола на луѓето со вакцина.

Движењето ја поддржува и идејата дека антените за 5G се опасни по здравјето на луѓето и на некој начин влијаат на ширењето на вирусот корона. А сега, се појави додаток на светската завера, а сето тоа можете да го видите на банкнотата од 10 австралиски долари.

Имено, некои од теоретичарите веруваат дека печатот на банкноти има слика на КОВИД-19 во десниот агол кога се гледа под микроскоп, пренесува „”News.co.au“.

– Кога ќе ја свртите банкнотата, го добивате ефектот во боја и тогаш симболот е видлив. Може да се види на сите банкноти … во овој случај, дизајнот на симболите е начинот на кој дизајнерот го толкувал типот на акација „Acacia Victoriae“ што е на банкнотите – велат од банката на резерви во Австралија.

Кејти Атвел од Универзитетот во Западна Австралија рече дека сегашната клима на конфузија и несигурност стана основа за теории на заговор.

– Општеството е несигурно и во страв и нивниот когнитивен процес е целосно нарушен. Владите на светските земји, особено на САД, не успеаја да го спречат коронавирусот, кој има потенцијал да ги исплаши граѓаните – истакнува Атвел.

– Тоа е нестабилен коктел, границата помеѓу она што е ебено лудо и она што основано нè загрижува, почнува да нè крши – додаде таа.

Во Италија цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година

Во Италија, здружението за заштита на потрошувачи „Кодаконс“ процени дека во август, поради правилата за ограничениот број на луѓе на плажи, ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние кои ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакетот мерки за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, Кодаконс процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини

Медицинската сестра Надежда Жукова, која е фотографирана во ковид болницата во Тула, само во бикини под заштитното одело, против која е започната дисциплинска постапка, доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се фотографираа во долен веш, исто како неа.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини, така што облекоа заштитно одело какво што носат здравствените работници, се фотографираа и сликите ги проследија на социјалните мрежи.

Тие велат дека сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и да испробаат како е да се работи во заштитно одело.

Кога нејзината фотографија се појави во јавноста, против неа беше започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, бидејќи доби огромна поддршка.

AВИОН БЕШЕ ПРИНУДЕН ДА СЛЕТА НА АВТОПАТ

Главниот пат на американската сојузна држава Мисури беше затворен затоа што авион слета на него поради проблеми со моторите.

Неколку патници од авионот биле преплашени поради ваквото слетување, но имале среќа што успеале да преживеат. Сето тоа благодарејки на вештината на пилотот.

Погледнете го видеото во продолжение.

извор: popara.mk

Популарно