Детали од грчкиот план за рестартирање на туризмот

Без било каков вид на тест и без задолжителен карантин, од 15 јуни 2020 година, започнува странскиот туризам во Грција за посетители од држави со добри епидемиолошки карактеристики, а балканските земи може да бидат меѓу првите за кои ќе биде дозволен влез, согласно планот на грчката Влада „Restart tourism”, презентирани од министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, кој рече дека станува збор за „програма што ги содржи сите неопходни предуслови за брзо и безбедно да започне грчкиот туризам”, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во соработка со комисијата на епидемиолози ќе се одреди листа на земји со кои ќе се ослободат летовите, пред крајот на месецот ја соопштиме оваа листа. Ослободување значи, и ова треба да се истакне за да им биде на сите јасно, дека предуслов нема да биде правење на било каков вид на тест за некој да дојде во нашата земја и нема да постои карантин. Но, ја задржуваме нашата можност да правиме тестови по случаен избор за епидемиолошки да следиме што се случува, рече Теохарис.

Надлежниот министер објасни дека постојат пет фази, првите две се однесуваат на домашниот туризам, на 25 мај се ослободува патувањето со јахти, а на 1 јуни се отвораат камповите и хотелите кои работата во текот на целата година.

Следните три фази, почнувајќи од 15 јуни се однесуваат на странскиот туризам, со отворање на останатите туристички објекти, меѓу кои и сезонските и со дозвола за првите летови од странство.

-Ако ситуацијата е како што е сега, сигурни сме дека од балканските до балтичките земји, еден пример е Бугарија, ќе бидат меѓу првите земји со кои ќе можеме да го обновиме поврзувањето, рече Теохарис, пренесе МИА.

Фазата од 1 јули предвидува дозвола за летови од странство кон сите аеродроми, како и дозвола за влез на туристи од сите земји, но во зависност од епидемиолошките карактеристики, може да постојат и исклучоци за одредени земји.

Паралелно, за безбедно да се примат туристите, предвиден е план за управување доколку се појави позитивен случај. Во планот е вклучено зајакнување на здравствениот капацитет на туристичките дестинации, што меѓу другото предвидува туристичките објекти да имаат соработка со лекар, како и управување со позитивен случај за што треба да постојат специјални „простори-карантин” во секој регион и на секој остров.

Исто така ќе постојат посебни здравствени протоколи за работа на хотелите и туристичките објекти, за туристичките автобуси, за превозот, транспортот и сл, а ќе бидат вклучен во закон кој во следните денови ќе се гласа во грчкиот Парламент.

Меѓу економските мерки за поддршка на туризмот, како што беше соопштено денеска, вклучено е намалување на ДДВ-то за превозот, за кафето и безалкохолните пијалаци и на туристичките пакети.

Во владиниот план, предвидени се и мерки за поддршка на домашниот туризам. Министерот за туризам соопшти дека во 2019 година, 33 милиони туристи ја посетиле Грција, а профитот бил 19 милијарди евра.

Во Италија цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година

Во Италија, здружението за заштита на потрошувачи „Кодаконс“ процени дека во август, поради правилата за ограничениот број на луѓе на плажи, ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние кои ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакетот мерки за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, Кодаконс процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини

Медицинската сестра Надежда Жукова, која е фотографирана во ковид болницата во Тула, само во бикини под заштитното одело, против која е започната дисциплинска постапка, доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се фотографираа во долен веш, исто како неа.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини, така што облекоа заштитно одело какво што носат здравствените работници, се фотографираа и сликите ги проследија на социјалните мрежи.

Тие велат дека сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и да испробаат како е да се работи во заштитно одело.

Кога нејзината фотографија се појави во јавноста, против неа беше започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, бидејќи доби огромна поддршка.

AВИОН БЕШЕ ПРИНУДЕН ДА СЛЕТА НА АВТОПАТ

Главниот пат на американската сојузна држава Мисури беше затворен затоа што авион слета на него поради проблеми со моторите.

Неколку патници од авионот биле преплашени поради ваквото слетување, но имале среќа што успеале да преживеат. Сето тоа благодарејки на вештината на пилотот.

Погледнете го видеото во продолжение.

извор: popara.mk

Популарно