Сопственик на ресторан во Париз доби надомест за за*уба од неработење поради ковид-19

Суд во Париз донесе пресуда дека осигурителната компанија AXA мора да му надомести на сопственик на еден ресторан за загуби од два месеци поради коронавирусот. Ова го соопшти денеска адвокатот на ресторанот. Случајот може да ја отвори вратата за бран на слични тужби, јавија француски медиуми.

АХА соопштија дека ќе ја обжалат пресудата. Тврдеа дека постои разлика во толкувањето на специфичен вид договор потпишан со неколку стотици ресторани со една брокерска куќа.

Случајот беше изнесен од страна на Стефан Маниголд, кој е сопственик на четири ресторани во Париз. Тој поднесе тужба во која се бара АХА да ги покрие оперативните загуби по владината наредба во средината на март да затвори барови и ресторани за да се обиде да го забави ширењето на вирусот.

– Ова е колективна победа – изјави тој.

Судот соопшти дека административната одлука за затворање на ресторанот „е квалификувана за покритие од осигурувањето како загуба на деловен прекин“.

– Ова значи дека сите компании со иста клаузула можат да се жалат на своите осигурителни компании – рече адвокатот на Маниголд, Анаис Совањ.

AXA има 13 удел на пазарот меѓу француските занаетчии и трговци. AXA соопшти дека има само 200 договори во своето портфолио со француски бизниси во различни сектори кои обезбедуваат гаранции за деловен прекин кога нема физички штети и дека ќе изврши компензација за нив.

Според локални медиуми, осигурителните компании тврдат дека ризикот од пандемија е исклучен од гаранциите за осигурување. Француските осигурителни компании инаку би требало да компензираат 20 милијарди евра месечно за оперативни загуби поради прекинот, покажуваат проценките на индустријата.

Во Италија цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година

Во Италија, здружението за заштита на потрошувачи „Кодаконс“ процени дека во август, поради правилата за ограничениот број на луѓе на плажи, ресторани и други јавни места, цената на десетдневен одмор би можела да се зголеми за 18 до 20 отсто во однос на минатата година.

Резултатите од анкетата на јавното мислење покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жителите на Италија не планираат летување, а од вкупниот број на оние кои ќе патуваат, 90,2 проценти од нив ќе го сторат тоа во рамките на границите на својата земја.

Се проценува дека почитувањето на мерките воведени за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, кој тешко ја погоди Италија, ќе доведе до зголемување на цените.

Италијанската влада ги повика граѓаните ова лето да го поминат во својата земја, а како дел од пакетот мерки за ублажување на ефектите од епидемијата одредија бонус од 500 евра за семејствата со цел да им ги олеснат трошоците.

Сепак, Кодаконс процени дека чадорите, лежалките, паркингот, храната, пијалаците и другите услуги што се нудат на плажите ќе ги чинат Италијанците повеќе од порано.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини

Медицинската сестра Надежда Жукова, која е фотографирана во ковид болницата во Тула, само во бикини под заштитното одело, против која е започната дисциплинска постапка, доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се фотографираа во долен веш, исто како неа.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини, така што облекоа заштитно одело какво што носат здравствените работници, се фотографираа и сликите ги проследија на социјалните мрежи.

Тие велат дека сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и да испробаат како е да се работи во заштитно одело.

Кога нејзината фотографија се појави во јавноста, против неа беше започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, бидејќи доби огромна поддршка.

AВИОН БЕШЕ ПРИНУДЕН ДА СЛЕТА НА АВТОПАТ

Главниот пат на американската сојузна држава Мисури беше затворен затоа што авион слета на него поради проблеми со моторите.

Неколку патници од авионот биле преплашени поради ваквото слетување, но имале среќа што успеале да преживеат. Сето тоа благодарејки на вештината на пилотот.

Погледнете го видеото во продолжение.

извор: popara.mk

Популарно