Повикајте го вашиот доктор

Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје (18-22 мај) ја потенцираат важноста за унапредување на менталното здравје, посебно во време на актуелната пандемија со Ковид-19.

Оваа година, неделата за подигнување на свесноста за ментално здравје е малку поинаква од претходните, поради предизвиците со кои сите се соочуваме, поврзани со промената на нашите навики и стил на живеење, предизвикано од светската пандемија со Ковид-19. За таа цел, во наредниот период ќе бидат организирани повеќе активности за промоција и превенција за менталното здравје, наменети за целата популација, како и кон одредени групи под ризик, како што се повозрасни лица, децата и адолесцентите, различни групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и на здравствените работници, кои несебично ги вложуваат сите свои човечки потенцијали за справување со пандемијата, и за зачувување и подобрување на здравствениот статус на населението, информираат од Клиниката за психијатрија.

На подолг рок, луѓето кои биле заразени или имале симптоми на болеста со Ковид-19 можат да бидат изложени на ризик од ментални заболувања, како што се депресија, вознемиреност, замор и посттрауматско стресно растројство и по завршување на лекувањето.

Од Клиниката појаснуваат дека тешките коронавирусни инфекции може да имаат и психолошки последици, вклучително и можни директни ефекти врз централниот нервен систем, степенот на физиолошки компромис, заради низок крвен кислород, имунолошкиот одговор и медицинските интервенции, како и други причини, кои се однесуваат на поширокото социјално влијание, вклучително и социјалната изолација, психолошкото влијание на ново, силно и потенцијално фатално заболување, загриженост за зараза од други лица и стигма.

Повикајте го вашиот доктор, психијатар или психолог ако стресот е присутен во текот на вашите дневни активности неколку дена по ред и не успевате да најдете начин како да се справите со него, велат од Клиниката.

Токму во насока на унапредување на менталното здравје, Клиниката за психијатрија има отворено повеќе телефонски линии, наменети за психолошка поддршка на возрасни во самоизолација, за мајки во бременост и по породување, за родители на деца на предучилишна и училишна возраст, за адолесценти, за родители на деца со пречки во развојот, како и една телефонска линија за психолошка поддршка на албански јазик.

Телефонските броеви од линиите за психолошка поддршка:

– возрасни во самоизолација 072 919 009

– мајки во бременост и по породување 078 378 766

– родители на деца на предучилишна и училишна возраст 072 912 676

– адолесценти 078 378 728

– родители на деца со пречки во развојот 070 291 574

– психолошка поддршка на албански јазик 070 291 657

Изминатиот период од отворањето на телефонските линии покажа дека тие беа потребни за многу граѓани кои првпат се соочуваат со ментални потешкотии, како и за луѓе кои веќе имале искуство со сервисите за ментално здравје.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти.

- Скопје 3

- Тетово 11

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 9

- Штип 5

- Струга 1

- Гостивар 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Укинување на полицискиот час и отворање на границите

По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила да и препорача на владата дека веќе нема потреба од рестриктивни мерки.

На утринскиот состанок членовите на Комисијата одлучиле да дадат препорака за укинување на полцисискиот час, меѓутоа дали тоа ќе биде од утре или од четврток останува да одлучи владата на попладневната седница. 

Од Комисијата предлагаат и отворање на границите од 1 јуни, а не од 15 јуни како што беше нивната прва препорака. Тоа значи дека до 1 јуни ќе важи државниот карантин за сите оние наши граѓани кои доаѓаат од други земји. 

Отворање на угостителскиоте објекти со работно време до 21 или 22 часот е последната препорака од Комисијата за заразни болести но тоа ќе зависи од попладневната седница на владата дали тоа ќе биде од утре или од четврток.

Прв заболен со Ковид -19 во „ЈП Водовод и канализација“, четворица во самоизолација

Еден заболен со ковид 19 има во ЈП Водовод и каналзицаија, а четворица се во самоизолација, оваа инфорамција за Република ја потрврди и директорот на претпријатието.

Лицето кое е заразено со ковид 19, албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил. Тој на работното место постојано носи заштитна опрема, но по консултација со епидемиолози во самоизолација се ставени уште четворица вработени од нашето претпријатие кои била во контакт со него, изјави Васковски.

Директорот истакна дека чуварот за среќа не бил во контакт со многу луѓе и дека неговото работно место е надвор од зградата. Потенцира дека досега претпријатието ги следи сите препораки за заштита.

ЈП Водовод и канализација врши четири пати дневно дезинфекција во просториите на претпријатието и ги следи сите препораки за заштита на врабоетните, изјави за „Република“ директорот Душко Весковски.

Популарно