20 нови случаи на Ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

- Скопје 4

- Куманово 3

- Прилеп 5

- Тетово 6

- Велес 4

- Битола 2

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

- Скопје 16

- Куманово 2

- Прилеп 2

Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Укинување на полицискиот час и отворање на границите

По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила да и препорача на владата дека веќе нема потреба од рестриктивни мерки.

На утринскиот состанок членовите на Комисијата одлучиле да дадат препорака за укинување на полцисискиот час, меѓутоа дали тоа ќе биде од утре или од четврток останува да одлучи владата на попладневната седница. 

Од Комисијата предлагаат и отворање на границите од 1 јуни, а не од 15 јуни како што беше нивната прва препорака. Тоа значи дека до 1 јуни ќе важи државниот карантин за сите оние наши граѓани кои доаѓаат од други земји. 

Отворање на угостителскиоте објекти со работно време до 21 или 22 часот е последната препорака од Комисијата за заразни болести но тоа ќе зависи од попладневната седница на владата дали тоа ќе биде од утре или од четврток.

Прв заболен со Ковид -19 во „ЈП Водовод и канализација“, четворица во самоизолација

Еден заболен со ковид 19 има во ЈП Водовод и каналзицаија, а четворица се во самоизолација, оваа инфорамција за Република ја потрврди и директорот на претпријатието.

Лицето кое е заразено со ковид 19, албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил. Тој на работното место постојано носи заштитна опрема, но по консултација со епидемиолози во самоизолација се ставени уште четворица вработени од нашето претпријатие кои била во контакт со него, изјави Васковски.

Директорот истакна дека чуварот за среќа не бил во контакт со многу луѓе и дека неговото работно место е надвор од зградата. Потенцира дека досега претпријатието ги следи сите препораки за заштита.

ЈП Водовод и канализација врши четири пати дневно дезинфекција во просториите на претпријатието и ги следи сите препораки за заштита на врабоетните, изјави за „Република“ директорот Душко Весковски.

Само во Чаир: Фудбал под рефлектори среде полициски час

Чаир е вистинска атракција кога е во прашање играњето фудбал за време на полициски час!

Вчера на Фејсбук-страницата „Ултрас-тифо.нет“ повторно се појави фотографија од Скопје, на која може да се забележи како се игра фудбал и тоа среде – полициски час.

Теренот, според пишувањето на страницата, се наоѓа во населбата Чаир, а очигледно во оваа скопска населба дел не ги почитуваат мерките донесени од Владата. Пред еден месец овој скопски дел исто така беше во центарот на вниманието поради играње фудбал за време на полициски час, но тогаш беше во ден додека овој пат работите беа дури и попрофесионални.

Популарно