Бившиот дечко тврди дека неговата девојка не е на скандалозните фотографии

Младен Вулетиќ, победникот на  шоуто„Парови“, еден  портал од регионот“ , даде интервју, а во таа прилика го спомна и својата  како вели тој неговата поранешна љубов Маја Маринковиќ.

На прашањето каква врска има со Маја Маринковиќ, тој рече дека тие раскинале пред нејзиниот влез во Задруга 3:

- Маја Маринковиќ е навистина бомба, но тоа моја поранешна риба, многу претрпев за неа, два три дена пред нејзиното влегување, и реков дека не можам да ја чекам, оди таму, направи шоу, направи што сакаш и каква работа, нејзина чест - искрен беше Вулетик  .

На прашањето да коментира фотографија поставена од локалните медиуми на која Маја Маринковиќ наводно држи во рака сексуален орган, за кој некои велат дека е фотошоп, Младен одговара:

- Маја не го „прави“ тоа на тој начин, сосема е поинаку, тоа  е фотошоп нејзиниот начин е многу поубав - гласно се смееше Вулетиќ.

Го очекуваме Младен во „Задруга“ по Новата година, каде тој најави дека најпрво ќе го посвети своето внимание на Ива Гргуриќ и Јелена Пешиќ, бидејќи тие најмногу му се допаѓаат  во Белата куќа. Затоа, заклучуваме дека љубовната романса меѓу Маја и Младен е завршена, барем засега.

Дали ви се верува „За две години градоначалнички мандат нема земено ниту денар патни трошоци“

Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески објави интересен статус. Еве што напиша:

„Деновиве по порталиве можеме да прочитаме кој пратеник колку инкасирал на своја сметка, по основ на патни трошоци.

И читаме, поединци земале илјадници евра. Ај и јас да се пофалам.

За две години градоначалнички мандат немам земено ниту денар патни трошоци. Рака на срце, немам ниту право, бидејќи користам службено возило.

Според закон имам право на дневници за службени патувања. За две години градоначалнички мандат имам земено 0 ( читај: нула ) денари дневници за службени патувања.

Многумина ми велат: “Ти си луд “!? А јас мислам дека го правам само она што треба да го прави секој избран од народот…….

П.С. Верувајте, не е се во парите !“

Видео: “Кажи зошто ме остави” за првпат е запеана на оваа локација

“ПЕСНАТА “КАЖИ ЗОШТО МЕ ОСТАВИ” ЗА ПРВ ПАТ ЈА ИСПЕАЛ НИКОЛА АВТОВСКИ – БОБИ УШТЕ ДАЛЕЧНАТА 1952-1953 ГОДИНА НА ТУМБЕ КАФЕ, КАДЕ СЕ ДРУЖЕВМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛОТО ЛЕТО И ПОНЕКОГАШ ТАГУВАВМЕ ЗА НАШИТЕ ЉУБЕНИ.

ПЕСНАТА ЗА БРЗО ВРЕМЕ СТАНА ПРВ ШЛАГЕР ВО НАШАТА БИВША ДРЖАВА, ЈУГОСЛАВИЈА И ЈА ПРЕВЗЕДОА МНОГУ ПОЗНАТИ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПЕЈАЧИ. ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ЗА ПРВ ПАТ Е ИСПЕАНА ВО БИТОЛА НА ПОЗНАТОТО ТУМБЕ КАФЕ” Е АБЕРОТ И ПОРАКАТА КОЈА ЈА ДОБИВМЕ ОД НЕГОВ ДРУГАР РАДЕ ВУЈАСИНОВИЌ КОЈ МОМЕНТАЛНО СЕ НАОЃА ВО БЕРЛИН, Р. ГЕРМАНИЈА.

Никола Боби Автовски на тој начин ја започна и историјата за македонската забавна музика.

Од пишувањата во музичките архиви песната е создадена уште во 1947/48 година, како плод на сосема искрен порив за забава на тогашните млади момци во Битола. Текстот е на битолчанецот Јово Вељановски. Никола Боби Автовски, иако охриѓанец, со завршено Средно воено музичко училиште во Вршац, работел како актер во Театарот во Битола. Младешката енергија за песна брзо ги поврзува Јове и Боби, па на една од забавите Боби првпат ќе ја испее „Кажи зошто ме остави“.

Авторот на текстот Јово Вељановски раскажува дека за првпат музиката ја слушнал на странска радио станица и бидејќи не бил доволно музички поткован со моментално создавање на текст ја запаметува полесно. Оригиналната музика на легендарната “Кажи зошто ме остави” е од грчка песна на изведувачот Никос Гунарис.

Документарен филм за Никола Автовски Боби

Песната често е изведувана на програмата на Радио Битола, но секогаш во живо, од самиот Боби Автовски. Првата снимка е направена во 1956 година, во Радио Скопје.

ТОЧНО Е ЗА БОБИ АВТОВСКИ ДЕКА ПЕСНАТА ЈА ПЕЕ КАЈ НАС СО МАКЕДОНСКИ ТЕКСТ, ТОЈ Е ОХРИЃАНЕЦ И БЕШЕ ГЛУМЕЦ ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР. НО ИЗВОРНО МЕЛОДИЈАТА Е ГРЧКА, ШТО СУМ СЛУШНАЛ ОД ПОВОЗРАСНИ МОИ ДРУГАРИ, МЕЛОДИЈАТА ЈА СЛУШАВ ПОВЕЌЕ ПАТИ И НА ГРЧКИТЕ РАДИО СТАНИЦИ. ИЛИ НА НАША ТВ, ИЛИ ВО МАЛАТА САЛА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА, ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ОВОЈ ФАКТ ЈА ПОТВРДИ ЕДЕН НАШ ПОЗНАТ МУЗИКОЛОГ”- РАСКАЖУВА СЛОБОДАН ДИМИТРОВ ПРАВНИК, АДВОКАТ И МУЗИЧАР ВО ПЕНЗИЈА СО ДОЛГИ ГОДИНИ ПОЗНАВАЊЕ НА СЛУЧУВАЊАТА НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА ВО БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА.

Благодариме Раде, Слободан и Калица. Да сте здрави и живи. Со вашите спомени сеуште остануваат и спомените од некогашната градска Битола…

Популарно