„Ла Верита“ пишува лаги, информациите се ништо повеќе од моментална сензација

Основното јавно обвинителство со демант реагира на написите на италијанскиот весник „Ла Верита“ кој објави текст за наводна вмешаност на премиерот Зоран Заев и обвинителката Вилма Русковска во случајот „Рекет“.

Според весникот, Заев барал од Русковска да за одмрзнат 750.000 евра кои бизнисменот Силјан Мицевски ги уплатил на пензионерка од Скопје, за проектот за пензионерски домови на Меѓународниот сојуз. Русковска, објави весникот, наводно по повикот на премиерот, дала наредба на обвинителот кој го води случајот, да ги одмрзне парите.

Од обвинителството, остро демантираат, посочувајќи дека ваквите наводи се само моментална сензација и ништо повеќе. Потсетуваат дека Русковска и воопшто не била шеф на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за периодот за кој пишува „Ла Верита“.

Демантот го пренесуваме интегрално:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денес во италијанскиот весник „Ла Верита“  во текстот под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“. Невистинитите и непроверените факти во текстот освен како моментална сензација за непознавачите на состојбите во нашата држава, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во неколку наврати укажа дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни, што не е случај со објавениот текст.

Имено, во текстот се наведува дека висок функционер на политичка партија, со носечка функција во Собранието на РС Македонија е во куќен притвор. Точно е дека со новоотворената истражна постапка е опфатен и овој функционер, но за него по предлог на обвинителството се изречени алтернативни мерки за обезбедување, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

Понатаму во текстот се вели дека од Управата за финансиско разузнавање е добиена потврда за фактот дека врз база на сомнение за незаконски дејствија во ноември 2018 година е замрзнато плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на физичко лице поврзано со хуманитарна организација против која обвинителството води истражна постапка. Во продолжение е истакнато дека без ниту една дополнителна истражна активност парите биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа по наредба на сегашниот Основен јавен обвинител Вилма Русковска. Во однос на ова, обвинителството цени дека јавноста треба да го има предвид фактот дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017 година до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719.000 евра. По оваа иницијатива постапуваше надлежен обвинител и донесе Наредба за замрзнување на средствата, како и наредба по која постапуваше Управата за финансиска полиција. По добиените известувања од Управата за финансиска полиција дека нема основи за сомневање за извршената трансакција, на 12.4.2018 година средствата беа одмрзнати и според наши сознанија подигнати наредниот ден (13.4.2018 година). Советот на јавни обвинители на 14.11.2018 година, седум месеци по подигнувањето на средствата, Вилма Русковска ја избра за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителот што се споменува во текстот е дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и негова должност и обврска е да соработува и одговара како пред Основниот јавен обвинител, така и пред Јавниот обвинител на РС Македонија. Наводите изнесени во текстот на „Ла Верита“ за наводно негово сведочење пред Јавниот обвинител не ја отсликуваат вистината.

Водејќи се од големиот интерес на јавноста, но и од сензитивноста на предметите, особено оние што се водат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагите, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапките. Со објавување на ваков вид на текстови и тоа во странски медиуми се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапките.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите непроверени информации со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството професионално и неселективно да ја врши својата уставно определена надлежност и да и застане на патот на корупцијата“, пишува обвинителството.​

Заменик министерот за здравство поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, соопшти денеска дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка, направена од албанска телевизија, а на која се гледа како тој прима пари на рака од пациент од Албанија.

-Се повлекувам од функцијата заменик министер за да ја расчистам оваа дамка против мене. Продолжувам и понатаму да им служам на граѓаните на нашата земја и пошироко – рече тој.

Муса тврди дека наседнал на стапица и на денешната прес конференција изјави дека станува збор за пари кои треба да ги плати за интервенција секој странски државјанин.

-Мојот искрен обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица за спектакл на медиумите, кои имаат намера да ја оштетат мојата професионална фигура. При постојаното барање на пациентот, го информирав дека интервенцијата за странски граѓанин, кој не е осигуран во нашата држава е приватна и го информирав за можниот износ на интервенцијата по неговото прашање за пакетот – рече Муса.

Како што рече тој со објавување на снимката, против него се води медиумска хистерија

-Токму овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во било која форма. Посветеноста, професионалноста и искреноста наспроти медиумското дивеење и жед за спектакл не можат да надвладеат. Секој граѓанин од Република Албанија кому сум му служел, јасно знае дека ова е стапица, намерна со цел да и наштети на мој лична професионална и фамилијарна фигура. Нема да дозволам цели овие 23 години инвестиција во мојот професионален и фамилијарен кредибилитет да биде нарушена на ваква намерна стапица, бомбастички со лажни наслови кои не се ништо реални, како може да се види во снимката – додаде тој.

Извор: Фокус

ФОТО: Нешто сериозно гори скопска во Кисела Вода

Од кај мене дома во Пржино се гледа многу дим, кој се издига над населба Кисела Вода. Не знам дали е нешто што е под контрола или е некој пожар. Се слушнаа сирени на пожарна, не знам што е

Испратено од Ивана

Популарно