ТРАГЕДИЈА: Татко и син од Мокриево убиени во Швајцарија

Околу пладне во средата, кантоналната полиција во Фрибург била известена за исчезнување на татко и син – Д.К (23) и Н.К (47). Во соработка со кантоналната полиција на Вауд, тие и двајцата се пронајдени мртви во вила во регионот на Вауд. Како што соопштуваат швајцарските и француските медиуми, тие се застрелани со пиштол. Уапсен е 30 годишен маж кој ја призна вината. При претрес пронајдено е и огнено оружје. Д.К (23) и Н.К (47) инаку се од струмичко Мокриево.

Како што пишуваат во една од групите на нашите иселеници, таткото и синот претходно од убиецот сакале да откупат трактор и му дале капар за истиот. Неколку дена подоцна тие му се јавиле за да го земат тракторот, но селанецот одбил. Откако таткото и синот отишле да си го земат дадениот капар, тие биле застрелани и потрупани во арско ѓубре.

Почина новороденче во Скопје во семејниот дом

Вчера во 06,47 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на ул.“Славеј планина“ имало починато новороденче. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и утврдено било дека се работи за бебе на возраст од еден месец. 

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Паднал ѕид од објект во изградба: Три деца од 13, 10 и 8 години повредени во Скопје

Вчера во 17,41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица “Ѓуро Ѓоновиќ“ три деца на возраст од 13,10 и осум години биле повредени по пад на ѕид, од објект во изградба.

Тие биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Популарно