Најчеста навика на паровите кои имаат несигурен и нестабилен однос

Дури и ако нечија врска на прв поглед може да изгледа совршено, можеби не е совршена. Поточно, една студија открила која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред со врската. Студијата Personality and Social Psychology Bulletin докажала дека паровите што повеќе пати објавуваат работи за нивната врска на социјалните мрежи, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската.

Поточно, како што се наведува во студијата, таа е теорија на поврзаност која се занимава со тоа како паровите се врзуваат и ја зјакнуваат врската. Истражувачите објаснија дека луѓето кои не му веруваат доволно на својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција да често објавуваат фотографии од себе и од партнерите, за да се докажат пред таканаречената публика и да создадат идилична слика за нивната врска.

Како што еден од истражувачите потврди за „Cosmopolitan“, луѓето кои се задоволни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат на јавноста затоа што немаат никаква желба за одобрување од другите и лажен перфекционизам.

Квалитетот на вашата врска лежи во едно прашање

Ако некогаш сакате да знаете колку е добра вашата врска со партнерот или со партнерката, поставете си го себе прашањето: Колку често се смеете заедно?

Според некои истражувања, двојките што често се смеат заедно имаат поквалитетна врска. Истражувачите правеле истражување врз 71 двојка, а тие притоа раскажувале како се сретнале првпат. Научниците броеле колку пати двојките се смеат заедно.

Оние двојки што се смееле заедно имале и подобар квалитет на врската, дефиниран со чувство на блискост и поддршка. Смеата исто така покажа и некои родови разлики. Од 1.400 насмевки што истражувачите ги снимиле, 62 отсто дошле од жените. Но машката насмевка е позаразна, што предизвикало нивните партнерки да се смеат заедно со нив. И тоа возвраќање имало посебно влијание врз мажите.

Сепак, овој пример од 71 двојка е премногу мал за да се донесат општи заклучоци, но некои претходни истражувања поддржуваат вакви резултати. Ова истражување објавува дека сеќавањата на убавите настани имаат благотворно влијание врз врската и дека смејата игра главна улога во тоа. Двојките што се сеќаваат на времето кога заедно се смееле за нешто ги оценувале нивните врски со повисока оцена. Научниците веруваат дека моментот кога двојките често се смејат заедно е потенцијален начин врската да биде похармонична и посилна во целост.

Погледнете колку време трае идеалниот секс

Сексуалниот живот е важен дел од односот на парот. Сепак, прашањата за времетраењето на сексуалниот однос постојано се појавуваат и кај мажите и кај жените.

Мажите особено сакаат да се фалат дека имале секс предолго време. Но, да не се лажеме. Експертите кажуваат колку трае идеалниот секс.

Специјалисти интервјуирале мажи и жени од различни земји. Експертите откриле дека жените сметаат дека сексуален однос трае 25 минути и 51 секунда, а претставниците на спротивниот пол се задоволни со 25 минути и 43 секунди.

Патем, никој од учесниците не успеале да се доближат до идеалното време траење. Според истражувањата, тоа е во просек од 17 минути и 5 секунди.Генерално, времетраењето на сексот се зголемува секоја година.

Популарно