Работник му се пожали на Шилегов: Само 9 000 плата, а 3 месеци ја немам земено

Сезонските работници во о. Чаир вчера му се пожалија на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека земаат плата од 9.000 денари, а и таа им доцни три месеци. Тој низ насмевка им рече „На лошо место работите“ и за да ги утеши им најави дека од после Нова година платата ќе им биде 14.000. Кога дојде градоначалникот на Чаир, Шилегов го прегрна и му посочи да им дава плата.

- 9 илјади денари плата, а 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте, му посочил еден од работниците, јавува ТВ21.

По кратко време пристигнал и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој изјавил дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

- Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите, рекол Ганиу.

ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ДЕНА: Заев од прием кај кралицата Елизабета Втора до расправија со баба Перса во Волково

За помалку од два дена премиерот Зоран Заев доживеа неверојатна авантура на две спротивставени ситуации по приемот во Бакингамската плата кај нејзиното височество Елизабета Втора за потоа да се обидува пред медиумите да најде заеднички јазик со баба Перса од Волково.

Иако Македонија формално се уште не е членка на НАТО, Заев беше еден од лидерите на 30-те земји членки на Алијансата во Лондон на приемот во Бакингамската палата во вторникот вечер пред состанокот на Самитот на Алијансата во Лондон во средата.

Вчера веднаш штом Заев стапна на македонско тло отиде во приградската скопска населба Волково за да изврши контрола на работите околу изградбата на спортската сала, но кога требаше да даде изјава за медиумите, една револтирана граѓанка која се претстави како баба Перса почна да го прашува за канализацијата и неасфалтираните улици.

Заев тоа го искоментира како исценирана претстава, додека градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, отиде пред домот на жената и објави дека прагот пред нејзиниот дом е асфалтиран, на што потоа Перса реагираше дека таа тоа го платила од сопствени пари. 

Заев пред почетокот на брифингот со новинарите, кога ја доживеа непријатната случка, рече дека, иако претходно доаѓа од приемите во Бакингамската палата и Даунинг стрит, убаво е кога се наоѓа во скопската населба Волково, затоа што, како што рече тој, „дома си е дома“.

Заев е само вториот македонски премиер што бил на Даунинг стрит 10

Заев објави фотографии од приемот, но тој е само вториот премиер на земјава кој влегол во службената резиденција на британските премиери на Даунинг стрит 10. Во 2010 година, екс премиерот, сега бегалец Никола Груевски беше таму и се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Претходно, поранешнот премиер Владо Бучковски во 2005 година се сретна со тогашниот британски премиер Тони Блер, пред Македонија да го добие кандидатскиот статус во ЕУ, но средбата се одржа во Брајтон.

„Downing 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, напиша Заев. 

На приемот го придружуваше сопругата Зорица Заева.

Популарно