(ФОТО) Се продава мобилен број со датумот за гордост на секој звездаш

За секој навивач на белградска Црвена Звезда, датумот 29 мај 1991 година е момент за најголема радост, за гордост, а за најлудите и – куќна слава. Утре се одбележуваат 29 години од историсиот успех за фудбалот на овие простори, во кој значајна улога играа и двајца Македонци, но во Србија за овој датум за паметење некој сака и – добро да заработи.

Верувале или не, на еден сајт „купувам-продавам“ се продава број со датумот што е гордост на секој звездаш. Непознат огласувач го продава 29-5-1991 со префикс 065 за неверојатни – 5.000 евра.

„Овој број никогаш не се заборава, како и датумот од нашиот најголем клупски успех во историјата. Овој број ќе се продава и ќе го купи само тој што ја знае неговата вредност и кој ќе успее да ја препознае големината и суштината, а секако тој што има пари, зашто цената е фиксна од причина поради тоа што бројот е од непроценлива вредност“, стои во објаснувањето за продажбата на телефонскиот број.

(Видео) Денот кога ТВ-водителите му се „пуштија“ на Меси

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси на само 18 години го доживеа најверојатно најнезгодното искуство во животот.

Меси во 2005 година се согласи да учествува во ТВ-емисијата од хумористичен карактер и неговото гостување засекогаш ќе остане запаметено.

Мирниот Меси неколку минути беше „нападнат“ од водителите, кои се шегуваа на негова сметка и имаше многу чудни повици.

Исто така, водителите намерно го допираа поинтимните места, а Меси дефинитивно не се чувствуваше пријатно, колку што можеше да се забележи по изразот на лицето.

Еве што му искоментира Борко на Шилегов

Борко Ристовски е меѓу оние кои бурно реагираа по вчерашната изјава на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека нема намера да го земе ФК Вардар со долгови, пренесе Спортмедиа.

Македонскиот репрезентативец и чувар на мрежата на актуелниот европски шампион со еден збор го искоментира ставот на Шилегов – БРУКА.

Популарно