Од утре започнува вакцинација против сезонски грип

Од утре започнува вакцинација против сезонски грип со комерцијални вакцини кои се наплаќаат по цена од 650 денари. 

Дополнително бесплатни вакцини се обезбедени за 5 категории на граѓани и тоа :

1.      За сите граѓани над 65 години, независно висината на нивната пензија

2.      за сите лица со хронични болести, независно нивната возраст

3.      за бремени жени

4.      за деца до 6 години

5.      и за здравствени работници.

Потребно е сите овие лица доколку сакаат да бидат вакцинирани со бесплатна вакцина  против грип да добијат упат од својот матичен лекар.

Пуkaњe во супермаркет во САД

Вооружен напад со смртни последици денеска е регистриран во САД, нападот се случил  во супермаркет во мало гратче во сојузната држава Оклахома.

Американските медиуми јавуваат дека во нападот има најмалку тројца мртви, а имало и повеќе повредени лица.

Пукањето било регистрирано во супермаркет на „Волмарт“ во градот Данкан.

Медиумите, исто така, јавуваат дека меѓу загинатите е и напаѓачот.

НА СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ: Од скенирањето фискални, ќе ќарат тие што скенирале

За помалку од еден месец, на сметките на скенирачите на фискални ќе легнат и парите од првиот поврат.

До средината на декември според најавите на министерката Ангеловска треба да легне сумата за првиот квартал од кога почна мерката „МојДДВ“ во чии рамки ќе почне и наградна игра.

Ако сте редовен скенирач на фискални тогаш може да очекувате и парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии а фондот за истата е половина милион евра .

Имено, 150 илјади граѓани се активни скенирачи на фискални сметки и помагаат во борба против сивата економија.

Популарно