БЕЗ УКИНУВАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ СЕКОЈА ВЛАДА ПРЕТСТАВУВА РЕЖИМСКА ВЛАДА

Кај граѓаниите не стивнува револтот од работата на извршителите. Неполна година откако стапија во сила законските измени се` уште има сериозен проблем кај редица граѓани кои мака мачат да излезат од должничкиот вител. Последните податоци за 107.000 блокирани сметки, од кои над 80.000 се на физички лица се сериозен аларм. Со законските измени, се укинаа повеќе трошоци и се намалија наградите за извршителите, а за постарите предмети се укина и каматата. Сепак, ова според упатените воопшто не вовело ред, а ниту праведност како што ветувала власта

ИЗВРШИТЕЛИТЕ СПРОВЕДУВААТ ЛЕГАЛИЗИРАН РЕКЕТ ВРЗ ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ!

Следнава порака ја добивме во инбокс: „Вработен во моја фирма, добива осум налози за извршување, сите заради неплатен паушал и судски трошоци во вредност од 1.000 ден. Значи осум паушала неплатени по 1000 ден се 8000 ден. Сега мојот вработен со чинот на извршување, треба да плати вкупно 92.000 ден. Значи 8000 паушал што должи, плус 84.000 денари за извршни дејствија. На самите налози се гледа дека огромните суми се вадени како од ракав, значи по желба на господин господин извршител.

За време на изборната кампања токму сегашниот претседател Пендаровски изјави дека ако некој должи 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе 3 или 5.000 денари. На крајот на својот мандат, оваа нелегитимна влада не спроведе ниту една мерка од интерес за сиромашните граѓани, туку ги продолжи политиките на осиромашување и рекетирање врз грбот на обичниот работник. Владата предводена од Кочо Анѓушев и Нина Групер единствено ги штити интересите на крупниот капитал, и токму поради нивните рекетарски политики врз обичниот народ на престојните избори им престои неминовен колапс

БЕЗ УКИНУВАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ СЕКОЈА ВЛАДА ПРЕТСТАВУВА РЕЖИМСКА ВЛАДА

Видео: Во Штип пожарникарите спречиле сaмoубиствo

Викендов во Штип пожарникарите спречиле самоубиство откако 61-годишна жена  речиси  цел  час  инсистирала да скокне од високите катови на  10 катницата во Штип наспроти полицијата.

За драматичната ситуација известиле соседите кои истовремено јавиле на брза помош, полицијата и  против пожарната служба.  Сите повикани експресно се појавиле на потенцијално трагичното место, но улогата на спасувачи и психолози ја имале  пожарникарите.

„Имавме дојава дека жена сакала да скокне од тераса. Нашите екипи излегоа на терен . Лицето е успешно симнато и предадено на екипи на брзата помош“, истакна  Тони Атанасов, раководител на ТППЕ – Штип.

Во моментов 61-годишната штипјанка е добро и е под лекарска и домашна контрола . Причините за  самоубиствениот обид се непознати  и досега таа не покажувала симптоми на  суицидност.

Популарно